Како што се приближуваме до премиерата на Redmi Note 14 во Кина, која најверојатно ќе се одржи во септември, сведоци сме на повеќе нови информации поврзани со уредите. Во последниот таков случај, станува збор за идниот Redmi Note 14 Pro.
Според дојавувачот Digital Chat Station, моделот од средната класа ќе има микро-закривен екран со резолуција од 1,5K. Покрај тоа, главната камера ќе има сензор од 50 мегапиксели, а конфигурацијата нема да има перископ сензор.
Неодамна, Redmi Note 14 серијата се појави иво базата на податоци на IMEI. Ќе вклучува најмалку три модели и тоа Redmi Note 14, Redmi Note 14 Pro и Redmi Note 14 Pro+.
По првичното деби во Кина, што би можело да се случи во септември, очекуваме меѓународната објава да се случи на почетокот на следната година, најверојатно веќе во јануари.