Qualcomm ќе го претстави Snapdragon 8 Gen 4 процесорот во октомври, а првата компанија што ќе го користи за својот паметен телефон ќе биде Xiaomi.
Поточно, Xiaomi 15 и Xiaomi 15 Pro ќе бидат првите смартфони кои ќе работат на претстојниот процесор, а исто така ќе бидат претставени и во октомври.
Xiaomi 15 Pro доаѓа со единствена главна камера од 50 MP со „супер голем сензор“, известува Digital Chat, но без променлив отвор на бленда. Ќе биде придружена од 50 MP 3x телефото камера со перископ зум, а самиот уред ќе биде малку потенок од претходникот. Ќе користи и 2K микро-закривен екран како Xiaomi 14, а ќе се напојува од голема батерија. Ултразвучниот сензор за отпечатоци ќе биде интегриран во споменатиот екран.
Xiaomi 14 Pro никогаш официјално не беше понуден надвор од Кина, а Xiaomi 15 Pro за жал може да доживее слична судбина.
Според претходно познатите гласини, Xiaomi 15 Pro ќе има и ултраширока камера од 50 MP, додека главната камера ќе користи 1-инчен OmniVision OV50K сензор. Перископ камерата ќе се состои од Sony IMX882 сензор.