Минатото лето, Netflix официјално го прекина својот Netflix Basic план за нови претплатници.
Netflix продолжува со својот план да го укине најевтиниот пакет без реклами за постојаните корисници. Како што објавуваат корисниците на социјалните мрежи, Netflix бара од тие кои го користат најевитниот пакет да изберат нов пакет доколку сакаат да продолжат да гледаат.
Еден корисник добил известување дека 13 јули е последниот ден на кој може да гледа Netflix со постојниот пакет и дека треба да избере нов за да продолжи. Корисниците кои сега плаќаат 11,99 долари месечно за основниот пакет без реклами, ќе треба да изберат дали ќе плаќаат 6,99 долари за пакетот со реклами, 15,49 долари за пакетот без реклами или 22,99 долари за премиум 4К пакетот без реклами.
Според објавите на социјалните мрежи ваквите известувања ги добиваат корисниците во Канада и Обединетото Кралство, што е во согласност со најавата на Netflix од јануари.
Минатата година основниот пакет беше укинат за нови корисници во САД, Канада и Обединетото Кралство. Од компанијата најавуваат дека наскоро ќе се исклучува основниот пакет и за корисниците во САД, без да прецизираат точен датум.