Научниците од американскиот универзитет Џон Хопкинс открија дека планета со големина на Јупитер, која е откриена во 2005 година и се наоѓа надвор од Сончевиот систем, мириса на расипани јајца, објави Мирор.
Планетата HD 189733 b е оддалечена околу 64 светлосни години од Земјата и е позната егзопланета, а астрономите интензивно ја проучуваат откако за прв пат беше откриена во 2005 година.
Во новото истражување американските научници наведуваат дека оваа џиновска планета, која е малку поголема од Јупитер, најверојатно „мириса“ на расипани јајца поради присуството на водороден сулфид.
Егзопланетата е проучувана со помош на податоци од вселенскиот телескоп Џејмс Веб и може да им помогне на научниците да разберат како се формираат планетите.
The atmosphere on HD 189733 b, which is just 64 light years from Earth, is made up primarily of odorous hydrogen sulfide. https://t.co/9Yd7gnGcCR
— Popular Science (@PopSci) July 8, 2024
Научниците истакнуваат дека е малку веројатно да има живот на таа планета поради многу високите температури од 1.000 степени Целзиусови.
Научниците претходно открија дека ветровите на егзопланетата се 20 пати побрзи од ветровите што некогаш биле забележани на Земјата.