Корисниците на WhatsApp на iOS веќе некое време имаат функција за транскрипција на гласовни пораки, а оние на Android ќе ја добијат наскоро
Новата бета верзија на WhatsApp апликацијата за Android (2.24.15.5) вклучува функција за транскрипција на гласовни пораки. Имено, станува збор за функција која ќе овозможи претворање на гласовните пораки во текст.
Порталот WABetaInfo објави и скриншот кој покажува како оваа функција изгледа во пракса.
Оваа функција постои некое време на iOS, за што пишувавме уште пред некоја година година. Патем, транскрипцијата на говорни пораки во моментов е поддржана на англиски, шпански, португалски, руски и хинди.
Корисниците кои ќе изберат да ја користат оваа функција ќе треба да преземат дополнителен пакет со податоци што ќе обезбеди сите транскрипти на пораките да се генерираат директно на уредот.