Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6 се новите телефони на преклоп од гигантот во мобилната индустрија Samsung. Нивното претставување мината недела ги воодушеви љубителите на иновациите кај паметните телефони, најмногу поради нивните перформанси напојувани од Galaxy AI* вештачката интелигенција и од најновите технологии користени во дизајнот. Користењето на Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6 ве внесува во иднината каде сега со вашиот мобилен телефон можете да направите многу повеќе од досега.
Елегантниот дизајн и неверојатната флексибилност не единствените карактеристики кои ги прават овие телефони речиси совршени. Континуитетот во иновациите кај телефоните на преклоп на Samsung резултираа со најтенка и најлесна серија Galaxy Z досега, дизајнирана за оптимална преносливост, а пак напредните Armor Aluminum и Corning® Gorilla® Glass Victus® 2, правејќи ја оваа серија на телефони најиздржливата Galaxy Z досега. Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6 исто така се напојувани од Snapdragon® 8 Gen мобилната платформа за Galaxy, најнапредниот мобилен процесор Snapdragon досега, кој го спојува најдоброто од централната, графичката и невронската процесорска единица, правејќи ги исто така идеални гејминг уреди.
Galaxy Z Fold6 ќе ви ги олесни работните обврски
Galaxy Z Fold6 со сигурност ќе биде вашиот личен асистент кога станува збор за професионално и навремено извршување на секојдневните обврски. Неговите различни и корисни функции поддржани од вештачката интелигенција Galaxy AI*, ја зголемуваат продуктивноста, пред се користејќи ги предностите на големиот екран. Од стандардна големина, кога ќе го отворите телефонот добивате голем екран од 7,6 инчи на кој лесно можете да ги користите ВИ функциите кои за вас ќе преведуваат во реално време, ќе предлагаат содржини, ќе копираат текст, слики или графикони, ќе ви овозможат hands-free интерпретатор, ќе можат да ви креираат текст врз основа на клучни зборови, и уште други функции создадени да го олеснат вашето работно секојдневие. Но, не само тоа – големиот екран на Galaxy Z Fold6 е одличен и за визуелните содржини во вашиот телефон, фотографиите и видеата кои лесно, прегледно ќе можете да ги едитирате или да снимате со ВИ функциите на камерите, за што и веќе познатото S Pen пенкало е од голема корист. И сето тоа со ултра висок динамички опсег (HDR) Да не споменуваме дека сосема удобно можете да гледате и подолги содржини, како серии и филмови, а доколку сте фан на гејминот, не само големиот екран, туку и најнапредниот мобилен процесор Snapdragon ќе ви овозможи феноменално гејминг искуство какво не очекувате.
Galaxy Z Flip6: Персонализирајте го според вашиот стил и направете ги најдобрите можни фотографии
Иако величината двојно се намалува кога е склопен, сепак површината на надворешниот FlexWindow екран кај Galaxy Z Flip6 е беспрекорно искористена да овозможи целосно мобилно искуство, и уште повеќе од тоа – со бројни ВИ функции, можност за пристапување до повеќе виџети одеднаш и ултра-кул заднински ефекти. Вашиот нов Galaxy Z Flip6 ќе биде уникатен, бидејќи можете да го приспособите надворешниот екран FlexWindow според вашиот личен стил и вкус, со помош на вештачка интелигенција и ефектите на заднината на функцијата Photo Ambient кои се менуваат во зависност од часот и времето. Но, не е само визуелното изразување за пофалба кај надворешниот екран, на него ќе може да ги користите и ВИ функциите за комуникација, како што се читање на предложените одговори на пораки базирани на анализа на контекстот од претходните пораки и др.
За перформансите на камерите на флип телефоните веќе е многу говорено, особено нивната можност да прават фотографии од невозможни агли. Ниту со Galaxy Z Flip6 не е поинаку, но со новите ВИ функции на FlexCam, најдобриот кадар автоматски го добивате со откривање на објектот и зумирање (или одзумирање). Функцијата ProVisual со вештачка интелигенција максимално го користи новиот сензор со широк агол од 50 MP и сензорот со ултра широк агол од 12 MP поддржан од Super HDR, за да „го фати“ совршенио кадар во сите услови. Функцијата Nightography обезбедува јасна слика дури и при услови на слаба осветленост, а сега е достапна во апликацијата Instagram Story, за да можете директно да снимате и објавувате фотографии. Со таква технологија, секогаш можете да ги снимите совршените моменти, без оглед на условите на осветлување.
Овој пат Galaxy екосистемот, освен со новите модели на телефони на прелоп Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6ја збогатува и зајакнува својата моќ и со други фантастични уреди како паметните часовници Galaxy Watch Ultra и Galaxy Watch7 – врвот во грижата за личното здравје на дневна основа и општата благосостојба овозможени од функции напојувани од вештачка интелигенција, како и најновите модели на слушалки Galaxy Buds3 и Galaxy Buds3 Pro кои донесуваат ново ВИ комуникациско и најнапредно аудио искуство. Овој фантастичен Galaxy екосистем составен од носливи Samsung уреди совршено комуницираат меѓу себе креирајќи единствено Galaxy искуство кои постојано го подобрува и олеснува важиот живот.
Безбедност на вашите податоци
Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6 се обезбедени од Samsung Knox, повеќеслојна безбедносна платформа развиена за заштита на осетливи информации и корисничките податоци од потенцијални закани, благодарение на препознавањето закани на хардверско ниво и заедничката заштита. Претходно оваа година, Samsung воведе употреба на рециклирани минерали како кобалт и ретки природни елементи во новата серија Galaxy S24, а истиот пристап е очигледен и во компонентите на Galaxy Z Fold6 и Flip6, вклучувајќи рециклирана пластика, алуминиум и стакло, но и користејќи рециклирано злато и бакар за прв пат.
Новите Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6 се испорачуваат во пакување направено од 100% рециклирана хартија, а долговечноста на уредот е поддржана со седум генерации надградби на оперативниот систем и седум години безбедносни надградби.
Преднарачка и достапност
Во тек е можност за преднарачка за уредите Galaxy Z Fold6, Galaxy Z Flip6, Galaxy Buds3 и Galaxy Buds3 Pro, како и за новата серија паметни часовници Galaxy Watch Ultra и Galaxy Watch7 која трае до 17 јули. Во малпродажба уредите ќе бидат достапни кај нас од 24 јули 2024.
* Функциите на Galaxy AI ќе бидат достапни бесплатно најрано до крајот на 2025 година на поддржаните уреди Samsung Galaxy.