OnePlus претстави нов паметен телефон од својата понуда. Се работи за наследникот на OnePlus Nord N10 5G моделот од 2020 година, кој се нарекува OnePlus Nord N20 5G.
Nord N20 5G го покренува Qualcomm Snapdragon 695 чипот. Спарен е со 6 GB RAM и 128 GB простор за складирање, а има и слот за microSD картичка. Телефонот пристигнува со оперативниот систем Android 11 и OxygenOS 11 интерфејс.
Уредот е опремен со 6,43” AMOLED екран, под кој има скенер за отпечатоци, додека во горниот лев агол на дисплејот има отвор за предната камера. Станува збор за сензор од 16 MP. На левата рамка од телефонот има копче за контрола на јачината на звукот, додека на спротивната страна има копче за вклучување или исклучување на телефонот.
На задната страна, Nord N20 5G има три камери, кои не се сместени во класичен модул, што го гледаме во последниве години, но камерите се едноставно одвоени едни од други. Главниот сензор има резолуција од 64 MP, а има и монохроматски сензор од 2 MP и макро сензор од 2 MP.
За автономија на смартфонот е задолжена батеријата од 4500 mAh со поддршка за брзо полнење од 33 W.
OnePlus Nord N20 5G е претставен на американскиот пазар, а ќе биде достапен за купување преку T-Mobile и Metro за 282 долари, почнувајќи од 28 април 2022 година. Телефонот доаѓа во само една боја – сина и ќе биде достапен и за купување преку Amazon, Best Buy и други.
Не е исклучено телефонот да стигне на светскиот пазар под друго сосема друго име.