Неколку дена го користевме новиот преклопен смартфон на Samsung и ви ги донесуваме првичните впечатоци од неодамна претставениот Galaxy Z Fold6
НИКОЛА БУРАГЕВ
Конкуренцијата во сегментот на преклопни телефони никогаш не била посилна. Кога Samsung ги лансираше Galaxy Z Fold и Z Flip уредите, тие немаа речиси никаква конкуренција, но ситуацијата сега е многу поинаква. Поради тоа, не изненадува тоа што Samsung воведе неколку промени во Galaxy Z Fold6, од полесна и поиздржлива рамка, нова широкоаголна камера до бројни опции за вештачка интелигенција, кои се корисни и исклучително забавни. Дали неодамна претставениот Galaxy Z Fold6 сè уште е „крал“ во овој сегмент.
Дизајн и екрани
Samsung се задржа на изворниот дизајн и малку го дотера. Во склопен начин на работа, Galaxy Z Fold6 е милиметар потенок од својот претходник, а е нешто потенок и во расклопениот режим. Промената не е видлива со голо око, па ако прејдете од петката на шестката, тешко дека ќе забележите разлика во димензиите. Меѓутоа, сопствениците на постарите Fold модели, многу полесно ќе го ценат напредокот во дизајнот во текот на годините. Сепак, оваа мала разлика има една позитивна последица. Кога е во џеб, уредот делува како класичен, рамен телефон. За тоа чувство секако придонесува и фактот дека е полесен за 15 грама. Некои би рекле дека тоа не е многу, но овој телефон сега тежи речиси идентично како и S24 Ultra кој има „само“ еден екран.
Samsung уште со претходниот модел на Fold телефонот го елиминираше „празниот простор“ кога телефонот е преклопен, а со Galaxy Z Fold 6 уште малку се променети димензиите на уредот кој сега е малку потенок, а кога ќе се расклопи, екранот има дополнителни 2,7 мм во ширина. И предниот екран, кога телефонот е затворен, сега е малку поширок, но сепак има одлична големина за да може лесно и без оптоварување да се држи со една рака. Главната промена во однос на минатогодишниот модел е што Fold 6 сега е рамен од сите агли и страни и тоа е сосема доволно да се направи разлика помеѓу Galaxy Z Fold5 и Z Fold6.
Од останатите дизајнерски карактеристики, нема значителни промени, и натаму се работи за елегантен смартфон каде ништо не е пренагласено. Секако, доволно е што има флексибилен екран на преклопување. Покрај тоа, не се работи за кој било екран, туку веројатно за еден од најдобрите на пазарот. Осветленоста е зголемена на 2600 нита, така што резолуцијата, јасната репродукција и совршеното однесување при сите услови на осветлување на кои се навикнати оние кои користат премиум Galaxy S 24 Ultra, сега го добиваат и на овој смартфон.
Систем на камери
Кога станува збор за камерите, многу луѓе од старт му замерија на Samsung зошто на Fold го нема истиот сет на vrvni камери, како што е тоа случајот кај Galaxy S серијата. Ова е често повод за дискусија, во која првиот аргумент е дека Z Fold6 е наменет за оние кои планираат на телефонот да ги завршуваат работните обврски, а не за оние кои ќе го користат „само“ за фотографирање. Но, за многумина стана работа да креираат сопствени фото и видео содржини за социјалните мрежи или YouTube, па подобра камерасекако би помогнала. Сепак, го пробавме новиот систем камери на Z Fold6 и тешко е да им се најдат некои поголеми замерки.
Најголемата промена во однос на хардверот лежи во новиот сензор од 12 MP на местото на ултрашироката камера, која овозможува поголема количина светлина, а со тоа и појасни и посветли фотографии, особено при сликање во ноќни услови. Тука е уште и главната камера од 50 MP, како и телефото објективот од 10 MP со 3x оптички и до 30x дигитален зум. Кога телефонот ќе се отвори, под екранот има селфи камера од 4 MP, додека на предната страна на екранот се наоѓа „главната“ селфи камера со резолуција од 10MP.
Фотографиите се повеќе од добри, јасни, прецизни, доволно светли и детални дури и во услови на слаба осветленост. Зумирањето не може да се спореди со она што го прави речиси совршениот Galaxy S24 Ultra, но тоа не пречи во секојдневното користење.
Galaxy AI
Samsung со новиот телефон само го зајакна портфолиото на опции за вештачка интелигенција претставени со Galaxy S24 серијата. На Galaxy Z Fold6, покрај сите досега познати опции, сега го имаме и Google Gemini. Еве некои од најинтересните работи што може да се направат со помош на вештачка интелигенција.
Најголемата атракција е опцијата Sketch to Image. Во Samsung Notes апликацијата, можете да нацртате било што, а генеративната AI ќе ја претвори во акварел, илустрација, скица, поп-арт или 3Д цртан филм. Резултатите се импресивни, иако самото „префрлање“ трае само неколку секунди. Се разбира, помага само ако сте талентирани за почетно цртање. Исто така, може да се црта директно на фотографиите користејќи ја истата опција. Galaxy AI може да се користи за трансформирање фотографии со опцијата Portrait Studio, па можете да го претворите своето селфи во лик од стрип или 3D цртан филм.
Ако вештачка интелигенција се користи за зголемување на продуктивноста, најдобрата почетна точка е Note Assist, која може да ги транскрибира и сумира состаноците за корисникот. Тука е и Google Gemini, кој се покренува со едноставно повлекување од аголот, што може да помогне околу се, од препораки каде на летување, што да подготвите за вечера, до решавање сложени математички проблеми. Можете едноставно да ги фотографирате, а вештачката интелигенција ќе ги реши врз основа на тоа
Конечно, апликацијата Interpreter на Z Fold6 овозможува превод на разговори во реално време за време на видео повик, порад што лицето со кое разговарате може да види што се зборува. Најдобро од сè е што овој преведувач може да работи и офлајн.
Перформанси и батерија
Откако Samsung ги претстави своите први преклопни телефони, нив ги краси една иста карактеристика – брзи се, прецизни и речиси непогрешливи. Истиот впечаток го добивме и при краткото користење на Z Fold6. Во него се наоѓа Snapdragon 8 Gen 3 чип, ист како во Galaxy S24 серијата, што е подобрување во однос на минатогодишниот модел, иако основната опција за RAM меморија останува 12 GB. А тоа значи дека добивме многу брз смартфон кој совршено реагира на сите команди, нема никакви проблеми во текот на користењето или некакви багови. Се се одвива мазно и беспрекорно без разлика на тоа која функција ја стартувавме. Во исто време, Samsung воведе нова 1,6 пати поголема разладна комора, со цел овој модел да се користи подолго период.
Батеријата кај Galaxy Z Fold6 не претрпе никакви промени кога се во прашање бројките. Сè уште го има истиот капацитет од 4.400 mAh, но пренесено на практична употреба, се чувствува како да трае подолго од претходниот модел. Тоа значи повеќе од цел ден интензивна употреба, од стриминг, испробување на сите AI функции, фотографирање и проверка како функционираат игрите. Може да се заклучи дека телефонот ќе се полни еднаш во два дена. При полнењето, Samsung одлучи да остане на полначот од 25W, што значи околу 60 проценти од капацитетот на батеријата за половина час на полнач. Сосема солидно.
Заклучок
Флексибилните телефони на преклопување или ги сакате или не ги сакате. Доколку го користите нивниот целосен потенцијал, многу брзо ќе се навикнете да завршувате многу работи, поради кои би го го исклучиле компјутерот, и тоа е всупност нивната најголема предност. Кога станува збор за Z Fold 6, би било неправедно да кажеме дека нешто не функционира или дека не е на врвно ниво. Но, тоа и се очекува од мобилен уред, кој кај нас се продава по импозантна цена од 119.990 денари. Она што можеби недостасува е тоа што S Pen не доаѓа со телефонот, како што е тоа случај со Galaxy S24 Ultra, туку мора одвоено да се купи со посебна футрола.
Galaxy Z Fold6 |
||
Екран | Главен екран | 7.6-инчен QXGA+*Динамичен AMOLED 2X
Infinity Flex екран (2160 x 1856, 20.9:18), 374 ppi 120 Hz адаптивна стапка на освежување (1~120 Hz) |
* Мерено дијагонално, големината на главниот екран на Galaxy Z Fold6 е 7,6 инчи во целосен правоаголник и 7,6 инчи за заоблените агли; вистинската површина за гледање е помала поради заоблените агли. | ||
Надворешен екран | 6.3-инчен HD+Динамичен AMOLED 2X екран
(2376 x 968, 22.1:9), 410 ppi 120 Hz адаптивна стапка на освежување (1~120 Hz) |
|
* Мерено дијагонално, големината на надворешниот екран на Galaxy Z Fold6 е 6,3 инчи во целосен правоаголник и 6,2 инчи за заоблените агли. Вистинската површина за гледање е помала поради заоблените агли и отворот на камерата. | ||
Димензии и тежини | Преклопен | 68.1 x 153.5 x 12.1 mm |
* Дебелина на Galaxy Z Fold 6 кога е преклопен мерена од врвот до дното на стаклото на Galaxy Z Fold 6. | ||
Расклопен | 132.6 x 153.5 x 5.6 mm | |
* Дебелина на Galaxy Z Fold6 кога е отклопен не ја вклучува рамката на главниот екран. | ||
Тежина | 239 g | |
Камера | Надворешна камера | 10 MP селфи камераF2.2, Големина на пиксели: 1.22 μm, FOV: 85˚ |
Камера под екранот | 4 MP камера под екранотF1.8, Големина на пиксели: 2.0 μm, FOV: 85˚ | |
Задна тројна камера | 12 MP ултра-широка камераF2.2, Големина на пиксели: 1.12 μm, FOV: 123˚ | |
50 MP широкоаголна камераАвтоматски фокус со двоен пиксел, OIS, F1.8, Големина на пиксели: 1.0 μm, FOV: 85˚ | ||
10 MP телефото камераPDAF, OIS, F2.4, Големина на пиксели: 1.0 μm, FOV: 36˚, 3X оптички зум | ||
* 30X Space Zoom вклучува 3x оптички зум и 10x дигитален зум со AI Super Resolution технологија. Зумирањето наназад 3x може да предизвика одредено влошување на сликата | ||
Процесор | Snapdragon® 8 Gen 3 Мобилна платформа за Galaxy | |
* Snapdragon е производ на Qualcomm Technologies, Inc. и/или нејзините подружници. Snapdragon е заштитна трговска марка или регистрирана заштитна трговска марка на Qualcomm Incorporated. | ||
Меморија и складирање | 12 GB меморија со 1 TB внатрешно складирање12 GB меморија со 512 GB внатрешно складирање
12 GB меморија со 256 GB внатрешно складирање |
|
* Достапноста може да се разликува по пазар или канал. Вистинскиот простор за складирање може да варира во зависност од пазарот, моделот, големината и форматот на датотеката. | ||
Батерија | 4400 mAh (типична) двојна батерија | |
* Типична вредност тестирана во лабораториски услови од трета страна. Типична вредност е проценетата просечна вредност земајќи го предвидотстапувањето во капацитетот на батеријата меѓу примероците на батерии тестирани според стандардот IEC 61960. Номиналниот капацитет е 4273 mAh за Galaxy Z Fold6. Вистинското траење на батеријата може да варира во зависност од мрежното опкружување, шемите на користење и други фактори. | ||
Полнење на уредот | Жично полнење: До 50% полнење за околу 30 мин. со 25 W адаптер и 3A USB-C кабел Брзо безжично полнење 2.0 Бежично PowerShare |
|
Водоотпорност | IP48 | |
* Врз основа на услови за лабораториски тестови за потопување до 1,5 метри во слатка вода до 30 минути. Не се препорачува за употреба на плажа или базен. Исплакнете/исушете ако е влажен. Водоотпорноста на уредот не е постојана и може да се намали со текот на времето поради нормалното абење и трошење. | ||
Оперативен систем и кориснички интерфејс | ||
Поддршка за мрежи и поврзување | 5G*, LTE**, Wi-Fi 6E***, Bluetooth® v 5.3 | |
* Потребна е оптимална 5G мрежна врска, достапна на одредени пазари. Проверете кај вашиот оператор за достапност и детали. Брзините на преземање и стриминг може да се разликуваат врз основа на давателот на содржина, врската со серверот и други фактори.** Достапноста на LTE моделот варира во зависност од пазарот и операторот. Вистинската брзина може да варира во зависност од пазарот, операторот и корисничкото опкружување.
*** Достапноста на мрежата Wi-Fi 6E може да варира во зависност од пазарот, мрежниот добавувач и корисничката околина. Потребна е оптимална врска и рутер за Wi-Fi 6E. |
||
Сензори | Капацитивен сензор за отпечаток од прст (страна), акцелерометар, барометар, жироскопски сензор, геомагнетен сензор, Hall сензор, сензор за близина, сензор за светлина | |
Безбедност | Samsung Knox со Samsung Knox Трезор | |
SIM картичка | До 2 Nano SIM* и Multi eSIM** | |
* SIM картичката се продава одделно. Достапноста може да варира во зависност од пазарот и операторот.** Достапноста на eSIM може да варира во зависност од верзијата на софтверот, регионот и операторот. Проверете кај вашиот оператор дали вашиот план за мобилна мрежа поддржува eSIM. | ||
Бои |
Сребрена сенка, розова, темносина* | |
* Достапноста на боите може да варира во зависност од пазарот, регионот или операторот. |