Huawei се подготвува да претстави нов преклопен смартфон наречен Nova Flip.
Компанијата објави тизер видео преку својот канал на Weibo, каде членот на бендот TFBoys ја покажува шарката од сите агли, како и Lime Green куќиштето на паметниот телефон.
Новиот смартфон ќе има коцкст надворешен екран, како и модул за камера. Екранот е релативно мал според денешните стандарди, но сепак е поголем од оној што го имаа Huawei Pocket уредите.
Целиот тизер го следат звуци на шарки, кои всушност се Морзеовиот код за зборот Flip.
Видливо е дека Nova Flip ќе има две задни камери, како и внатрешна сместена во исечокот на камерата. Исто така, директното power копче ќе функционира како сензор за отпечатоци.
Се очекува дека Huawei ќе го претстави моделот Nova Flip следната недела, идносно на 6 август.