Пред повеќе од десет години беше претставен Google Wallet, дигитален паричник кој им дозволуваше на корисниците да прават peer-to-peer трансакции кои беа можни преку услуги како Venmo и PayPal. По некое време, Google одлучи да го спои Wallet со својата апликација Google Pay, но работите сега се чини дека се менуваат и дека Google Wallet се враќа.
Според информациите Мишал Рахман од порталот Esper.io и скриншотовите што ги објави на Twitter, се чини дека Google сака да го врати Wallet како самостојна апликација во Google Pay. Тоа значи дека и натаму ќе биде апликација во апликација, но сега со самостоен интерфејс и далеку помодерен изглед, отколку што беше пред една деценија.
Покрај тоа, според снимките од екранот кои можат да се најдат на социјалната мрежа Twitter, се чини дека има многу нови функционалности кои би можеле да се најдат во рамките на Google Wallet.
More screenshots, including a peek at the new Wallet icon. pic.twitter.com/zmHcRs915B
— Mishaal Rahman (@MishaalRahman) April 18, 2022
Ако погледнеме наназад, Google го најави овој потег уште во јануари. Во тоа време, челниците на компанијата изјавија дека работат на развој на сеопфатен дигитален паричник кој на корисниците ќе им овозможи нови функционалности при дигитални парични трансакции.
Според она што може да се види на скриншотовите, изгледа дека Google Wallet ќе обезбеди многу функционалности. Ќе бидат присутни платежни картички, картички за лојалност, картички за подарок, билети, како и аеродромски пропусници. Сето ова, корисниците ќе можат да го чуваат во рамките на апликацијата Google Wallet во дигитална форма, што навистина им ги олеснува различните секојдневни активности на многу луѓе.
Покрај сето ова, Google Wallet ќе поддржува и повлекување пропусници и билети од Gmail сметката во ситуации кога потврда за лет или билет ќе пристигне на електронската пошта. Google Wallet се очекува да се појави пред публиката на I/O конференцијата во мај, па во тој момент ќе бидат достапни повеќе информации.