Според најновиот извештај на аналитичарите, Apple планира да претстави два преклопни уреди во 2026 година.
Гласините за преклопните уреди на Apple кружат подолго време, познато е дека компанијата работи на iPhone со дизајн на преклоп и хибрид од iPad и MacBook со екран од 18,8 инчи.
Аналитичарот Џеф Пу тврди дека најпрвин ќе биде претставен хибридот на iPad и MacBook, веројатно во вториот квартал на 2026 година. Од друга страна, на крајот на истата година се очекува и преклопен iPhone.
Лесно е да се заклучи дека уредите ќе бидат претставени заедно со iPhone 18 серијата, но тие ќе се појават на пазарот кон крајот на 2026 година.
За жал, Џеф Пу не откри повеќе детали освен попрецизна временска рамка. Сепак, овој пат звучи оптимистички и тврди дека планот на Apple оди според планираното, особено откако обезбеди договор за снабдување на панелите потребни за преклопниот iPhone.
Сепак, работите секогаш можат да се променат, па засега нема гаранции.