Кинеските медиуми пишуваат за најголемиот кинески товарен беспилотен дрон, кој го направи првиот пробен лет.
Кинеската компанија „Тенгден“ го тестираше својот најголем товарен дрон досега. Леталото е со капацитет до два тона, има распон на крилата од 16,1 метар долг е 4,6 метри, и е наменет за цивилна употреба, објавија денеска кинеските медиуми.
Стручњаците вчера извршија 20-минутен пробен лет со двомоторниот товарен дрон во југозападната кинеска провинција Сечуан. Произведен е во авиокомпанијата „Тенгден“.
Испораките на помали комерцијални дронови веќе почнаа во Кина.
Инаку, Кинеската државна компанија за воздухопловна индустрија (АВИК) планира следната година да продолжи со тестовите на својот двотонски дрон.