Клима уредите на Samsung, опремени со иновативната WindFree™ технологија, добија широко признание на пазарите низ целиот свет. Откако глобално беше лансирана во 2017 година, продажбата надвор од Кореја продолжи да расте, со просечна годишна стапка на раст од 30,7% во изминатите три години (заклучно со крајот на првата половина од 2024 година).
Samsung Newsroom истражуваше зошто оваа напредна технологија за климатизација беше толку добро прифатена од глобалните потрошувачи.
Неодамнешна анкета на Samsung, спроведена на 1.840 испитаници од Бразил, Индија, Италија, Кореја, Тајланд и САД, покажа дека 44,6% (820) претпочитаат WindFree™ климатизација. Повеќе од половина од овие корисници (58%) избрале „комфорен сон“ како главна причина за избор на WindFree™ климатизација. Резултатите укажуваат на тоа дека сè поголем број потрошувачи очекуваат клима уредите да понудат многу повеќе од традиционалните функции за ладење како и опции погодни за секоја ситуација.
Дополнително, анкетата покажа дека клима уредите најмногу се користат пред и по времето за спиење. Речиси половина (48%) од испитаниците ги користат своите клима уреди од 21 часот до времето за спиење, а 42% ги користат за време на спиење.
Напредната структура на клима уредите со WindFree™ технологија овозможува воздухот рамномерно да се распределува преку 23.000 микро дупчиња. Откако во просторијата ќе се постигне поставената температура, уредот автоматски се префрла во WindFree™ режим — нежно ладејќи го просторот без непријатното чувство на ладен воздух на кожата — и создава оптимални услови за длабок сон.
„Заштеда на енергија во споредба со нормалниот режим на работа“ беше втората причина поради која корисниците претпочитаат WindFree™ климатизација. Како што потребата за заштеда на енергија станува сè поголемапоради климатските промени, резултатите од анкетатапокажуваат дека WindFree™ технологијата одговара на барањата на потрошувачите за намалена потрошувачка на електрична енергија.
Во WindFree™ режим, потрошувачката на електрична енергија се намалува до 77% во споредба со средини каде максимално се лади, нудејќи значителна заштеда на сметките за струја во текот на летните месеци.
Дополнително, испитаниците избрале WindFree™ климатизација за да обезбедат „рамномерно ладење“ (50%), „минимизирање на физичката иритација“ (48%) и за да го користат „режимот за автоматското ладење со AI“ (44%).
Веќе трета година по ред, WindFree™ клима уредот добивабројни меѓународни награди, вклучувајќи ги и следните највисоки признанија: Награда за граници на иновации во Јужна Кореја, Награда за MCE извонредност за 2024 годинана саемот Mostra Convegno Expocomfort (MCE), водечки глобален саем за уреди за ладење, греење и вентилација и за фрижидери, Награда за најдобар сооднос квалитет-цена во категоријата климатизација за 2022 година доделена од Германскиот институт за квалитет и финансии (ITQF), едно од водечките европски тела за сертификација.
„Откако дебитираше во 2016 година, WindFree™ климатизацијата доби огромно признание од потрошувачите ширум светот“, изјави Бјонгха Сонг,(Byoungha Song), раководител на групата за планирање на производи за воздушни решенија, DA Business во Samsung Electronics. „Ќе продолжиме да обезбедуваме иновативни производи кои нудат персонализирана грижа за сите наши корисници.“