Google работи на овозможување подобри перформанси на уредите со Android со додавање поддршка за PageFile од 16 KB. Оваа промена во управувањето со меморијата сега влегува во поширока фаза на тестирање
Android досега беше „изграден и оптимизиран за работа со големина на PageFile виртуелна меморија од 4 KB“. Google откри дека користењето на поголема PageFile, привремената меморија на Android, дава „вкупно подобрување на перформансите од 5-10%“, но по цена од приближно 9% повеќе користење на меморијата за складирање (on-board NAND). Поточно:
- Пократко време за стартување на апликацијата додека системот е под голема употреба на меморија: просечно намалување од 3,16%, со значителни подобрувања (до 30%) за некои апликации што ги тестиравме.
- Намалена потрошувачка на енергија при стартување на апликацијата: 4,56% просечно намалување.
- Побрзо стартување на камерата: просечно 4,48% побрз hot start и 6,60% побрз ладen старт.
- Подобрено време за подигање на системот: просечно подобрување од 1,5% (приближно 0,8 секунди)
Kaj поголемиот број процесори, специјална хардверска единица позната како единица за управување со меморија (MMU) ги преведува адресите што ги користи програмата во физичка локација во меморијата. Овој превод се врши со помош на PageFile системот. Секој пат кога на програмата и треба повеќе меморија, оперативниот систем мора да се вклучи и да ги пополни записите во табелата со страници, распределувајќи го тој дел од меморијата на процесот.
Кога PageFile виртуелната меморија е четири пати поголема, има четири пати помалку системски барања поврзани со тековното зафаќање на оперативната работна меморија. Така, системот може да потроши повеќе време за да се погрижи вашите видеа да изгледаат одлично, игрите да работат мазно и апликациите да работат непречено, додека помалку време се троши на основните операции на оперативниот систем.
PageFile, swap file или виртуелна меморија
Значи, суштината е во она што ние го нарекуваме „swap file“ кај класичниот компјутер. Кога ќе се потроши RAM меморијата, системот користи HDD или SSD за да го компензира недостатокот на RAM со помош на таканаречената виртуелна меморија на уредите за складирање.
Со Android 15 верзијата, Google го преработи оперативниот систем од темел за да поддржува работа со различни големини на PageFile. Поради ова, програмерите мора повторно да ги компајлираат своите апликации за уреди со PageFile со големина од 16 KB, но „истиот бинарен фајл на апликацијата може да работи и на уредите со големина на страница од 4 KB и 16 KB“.
На девелоперите на софтвер им е дозволено да почнат да работат и да го тестираат Android 15 QPR1 Beta 1 OS на Pixel 8 и 8 Pro уредите. Оваа опција „Boot with 16KB page size“ за програмерите бара ресетирање на целиот уред и отклучен bootloader, па затоа не е погодна за секојдневна употреба.