Откако беше потврдено дека Huawei развива смартфон со тројно преклопување, се појави информација дека и уште една кинеска компанија оди по истиот пат
Станува збор за компанијата Xiaomi, за која изворот тврди дека е веќе во напредна фаза на развој на својот смартфон. Овој нов уред ќе биде дел од Mix семејството, а ќе го видиме во февруари 2025 година за време на Mobile World Congress, барем во форма на прототип.
До MWC во Барселона има уште половина година, па за очекување е да протечат информации, како што обично се случува. Сепак, тешко е да се поверува дека смартфонот брзо ќе се појави, поради фактот што Xiaomi дефинитивно не сака да ги засени моделите Mix Flip и Mix Fold 4. Од друга страна, се ближи сезоната на празници, така што Xiaomi би можел барем да го најави овој возбудлув уред.
Смартфонот на Huawei со троен преклоп ќе има форма на буквата „Z“, а директорот на компанијата веќе вети дека уредот ќе пристигне во септември. Има големи шанси да се продава само во Кина.