Популарниот видео сервис YouTube им понуди на креаторите уште еден лесен начин за споделување на нивните канали со публиката, а се работи за QR кодот.
Функцијата постепено се шири до креаторите ширум светот и може лесно да се пристапи во апликацијата YouTube. Сè што треба да направат креаторите е да ја стартуваат апликацијата на нивниот уред со Android или iOS, да го допрат табот You на дното, а потоа опцијата/копчето Share channel под името на каналот. Во менито што ќе се појави, потребно е да се избере „QR код“.
По оваа постапка, на екранот ќе се појави QR-кодот, кој може да се зачува во меморијата на телефонот или да се зачува како слика од екранот. Овој QR код го содржи логото на каналот, за да може визуелно да се идентификува.
Оваа новина е повеќе од одлична карактеристика, бидејќи се работи за паметен потег што ќе им користи подеднакво на креаторите и на гледачите. За креаторите, ова е едноставен и ефикасен начин да го промовираат каналот и да привлечат нови претплатници, додека за публиката е полесен начин да пронајдат и да се претплатат на нови канали, бидејќи сè што треба да направат е да го скенираат QR-кодот со помош на камерата на смартфонот, што ќе ги одведе директно до каналот.
Во минатото, креаторите мораа да се потпрат на апликации од трети страни за да создадат QR-кодови за нивните канали. Ова често значеше проблем со рекламите и ограничените опции за прилагодување, но сега YouTube ја понуди оваа алатка директно во својата апликација.
На крајот, јасно е дека новата функција за QR код на YouTube е корисна за секого, па дури и оваа „мала“ промена ќе претставува чекор напред и ќе ја направи платформата подостапна.