Моторола официјално ги претстави најновите модели од својата Moto G серија паметни телефони, односно G55 и G35.
Овие два уреди ги делат повеќето спецификации и дизајн, но G55 нуди оптичка стабилизација на сликата за главната камера, помоќен процесор Dimensity 7025 и полнење од 30 W.
Moto G55 има 6,5 инчен IPS LCD екран со FHD+ резолуција и брзина на освежување од 120 Hz, додека резолуцијата на моделот G35 е иста, но има поголем екран од 6,72 инчи. Двата уреди ја добија истата предна камера од 16 MP сместена во отвор во екранот. Покрај тоа, користат главни камери од 50 MP, со тоа што кај G55 таа камера има и оптичка стабилизација на сликата, а двата имаат ултра широки камери од 8 MP.
Moto G55 го покренува процесор Dimensity 7025 поврзан со 4, 8 или 12 GB RAM и 128 или 256 GB простор за складирање, додека G35 доби Unisoc T760 процесор во комбинација со 4 GB RAM и 128 или 256 GB внатрешна меморија. Двата уреди поддржуваат microSD картички до 1 TB. Исто така, тие се напојуваат од батерии со капацитет од 5.000 mAh, со тоа што батеријата кај моделот G55 поддржува полнење од 33W, а кај моделот G35 полнење од 18W.
Смартфоните користат оперативен систем Android 14 со интерфејсот Hello на Motorola, имаат странично поставени сензори за отпечатоци, 3,5 мм приклучоци за слушалки и стерео звучници со технологија Dolby Atmos.
Moto G55 доаѓа во Twilight виолетова боја (веганска кожа), Smoky green (веганска кожа) и Forest сива боја, а цената во Европа изнесува 249 евра за основниот модел.
Moto G35 е достапен во Leaf зелена боја (веганска кожа), црвена гуава и полноќна црна, а за основниот модел треба да се издвои 199 евра.