Познатиот Apple аналитичар и новинар на Bloomberg, Марк Гурман во својот неделен билтен бјави дека дека новиот Mac mini со M4 Pro ќе има вкупно пет USB-C портови, но ќе ги загуби досегашните два USB-A приклучока.
Според сигурен извор запознаен со ова прашање, Apple ќе ги лансира новите Mac компјутери во ноември 2024 година. Ова не ја намалува можноста Apple да одржи настан во октомври за да ги објави новите машини. Минатата година, Apple го најави својот настан Scary Fast во вторник, 23 октомври, а настанот се одржа во понеделник, 30 октомври, кога беа претставени новите MacBook Pro и iMac модели со M3 чипови. Овие нови компјутери потоа беа пуштени во продажба во вторник, 7 ноември, па можеме да видиме слично сценарио на настани и оваа година.
Гласините сугерираат дека Apple има планови да лансира четири нови модели на Mac со M4 чипови пред крајот на годината: почетниот 14-инчен MacBook Pro со M4 чип, нови 14 и 16-инчни MacBook Pro модели со M4 Pro и M4 Max, нов iMac со M4 чип и целосно редизајниран Mac mini со M4 и M4 Pro процесори. Со исклучок на новиот Mac mini, новите уреди се очекува да бидат мали освежувања кои се фокусираат на надградби на чиповите, но компјутерите за прв пат би можеле да доаѓаат со стандардна RAM меморија од 16 GB, наместо досегашните 8 GB. Некои од овие машини сега се верува дека веќе се наоѓаат во масовно производство, што може да одговара на датумот на издавање во ноември.
Познатиот Apple аналитичар и новинар на Bloomberg, Марк Гурман во својот неделен билтен Power On објави дека дека новиот Mac mini со M4 Pro ќе има вкупно пет USB-C портови, но ќе ги загуби досегашните два USB-A приклучока. Три USB-C порта ќе се наоѓаат на задната страна, додека два ќе бидат присутни на предната страна на компјутерот, слично како Mac Studio. Mac Mini треба да го претрпи најсериозниот редизајн дури од 2010 година и се очекува да биде со слична големина како сегашниот Apple TV. Уредот ќе продолжи да има портови за етернет, HDMI и аудио приклучок од 3,5 мм, а електричното напојување се очекува да остане интерно.