Собранието на Македонски Телеком АД – Скопје, на својата годишна седница одржана на ден 29.05.2024 година, ја усвои Одлуката за исплата на дивиденда на Друштвото за 2023 година и утврдување на дивиденден календар.
Согласно со Одлуката на Собранието, Македонски Телеком АД – Скопје ве информира за следново:
▪ Дивидендата за 2023 година се утврдува во вкупен бруто износ од 2.212.067.762,00 денари или бруто износ од 25,65 денари по акција (заокружено на две децимали), во кој се вклучени сите даноци, каде што е применливо, и кои ќе бидат задржани и платени од бруто дивидендата согласно со важечката даночна регулатива во Република Северна Македонија на датумот на исплатата.
▪ Сите акционери кои се евидентирани во Книгата на акционери на Македонски Телеком АД – Скопје на 12.7.2024 година имаат право на дивиденда за 2023 година. Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2023 година е 10.07.2024 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда за 2023 година е 11.07.2024 година.
▪ Исплатата на дивидендата за 2023 година ќе започне на 26.09.2024 година.