YouTube додава нов формат за ТВ реклами, при што ќе се прикажуваат дури и кога го паузирате видеото. Уште во мај 2024 година, Google објави дека YouTube ќе добие некои нови формати за реклами на телевизорите, вклучително и оној каде што тие ќе се прикажуваат дури и кога видеото е паузирано.
Не беше дадена временска рамка за тоа кога овој формат ќе почне да се појавува, но се чини дека веќе се појавува кај некои корисници. Има луѓе на Reddit и X кои известуваат дека го гледаат новиот тип на реклами на нивните телевизори.
Seriously @YouTube? You're putting up ads when you pause a video now?
I am about to install a computer in place of the fire stick so I can have an ad blocker… Your ads are getting ridiculous. pic.twitter.com/OT4JMduGTU
— RoÆther (@Roaether) September 6, 2024
Корисничкиот инетрефејс го поставува видеото во помал рекламен блок на десната страна на екранот. Копчињата за отфрлање на рекламата и информаците и се појавуваат подолу. Засега, сепак, се чини дека дистрибуцијата е ограничена.
Овој тип на реклами дефинитивно не се пријатни за корисниците, бидејќи кога репродукцијата е прекината, обично не сакаме да гледаме содржина од една или друга причина.