Успешно заврши првата приватна вселенска прошетка предводена од американскиот милијардер Џаред Исакман.
На 10 септември, мисијата Polaris Dawn на SpaceX го лансираше Исакман и уште тројца астронаути во орбитата за да ја направат првата приватна вселенска прошетка за време на петдневниот лет.
Командант на мисијата е самиот Исакман, пилотот и пензиониран потполковник на американските воздушни сили Скот „Кид“ Потет, специјалист за мисијата е Сара Гилис, шеф на вселенските операции на SpaceX за обука на астронаути, додека медицински службеник е Ана Менон од SpaceX, пишува Space.com.
Polaris Dawn and Dragon at 1,400 km above Earth – the farthest humans have traveled since the Apollo program over 50 years ago pic.twitter.com/rRDeD1dY1e
— SpaceX (@SpaceX) September 11, 2024
Тоа е првиот од трите вселенски летови на програмата Поларис и вториот што Исакман лично го финансираше. Вселенската прошетка, односно периодот што екипажот го помина во вакуум, траеше два часа. Прво, сите четворица астронаути на Polaris Dawn облекоа вселенски костуми, а потоа ја депресираа капсулата Dragon за Исакман и Гилис да излезат надвор од отворот.
Двајца членови на екипажот останаа делумно надвор од отворот околу 15 до 20 минути за да ги тестираат оделата EVA (вселенски) дизајнирани и развиени од SpaceX.
„Кога сме дома, секогаш сме зафатени, но оттука – светот изгледа совршено“, рече Исакман кога излезе.
Откако беа во вселената, Исакман и Гилис успешно го запечатија отворот на леталото.