Google има функција која му овозможува тајно да ги снима гласовите на корисниците и да ги складира за различни намени.
Google складира аудио снимки од активноста на корисниците на Интернет и во апликации, вклучувајќи вербално пребарување, асистенти и мапи, се со цел да ја подобри технологијата за препознавање звук.
Технолошки експерт неодамна откри „код за измама“ за кој тврди дека може да го спречите Google да ги евидентира активностите што корисниците ги прават на нивните телефони.
Корисниците можат да ја прилагодат својата сметка на Google со избирање соодветни поставки во делот „Data & privacy“, каде што можат да го блокираат пристапот до микрофонот и камерата.
Експертот Џефри Кастиљо сподели корисен совет преку видео на Instagram, објаснувајќи како корисниците можат да ја исклучат оваа функција.
Треба да ја отворите апликацијата Google и да кликнете на „Manage your Google account“ (Управување со вашата сметка на Google). После тоа, се отвора делот за поставки за податоци и приватност, потоа поставките за историја и на крајот Web & App Activity (Активност на веб и апликации).
Во делот Turn on voice & audio activity (Вклучи гласовна и аудио активност), ќе видите сина ознака што треба да ја исклучите за да престане Google да ве „слуша“.
Откако ова ќе се исклучи, аудиоснимките од гласовните интеракции со пребарување на Google, асистентот и мапите веќе нема да се складираат на вашата сметка на Google, дури и ако сте најавени на неа.