Доналд Трамп, поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави и републикански кандидат на претстојните избори, лансираше нова платформа за криптовалути наречена World Liberty Financial и ја покани јавноста да инвестира во светот на дигиталните валути.
Проектот беше претставен во Европа во вторникот вечерта преку платформата X Spaces, пренесува CNBC.
Според структурата на капиталот, 20 отсто од токените ќе бидат доделени на основачкиот тим, кој го вклучува семејството Трамп, 17 отсто се издвоени за награди на корисниците, а останатите 63 отсто ќе бидат достапни за купување од јавноста.
Лансиран е и нов токен WLFI, кој ќе се базира на блокчејн етереум (ETH).
Трамп призна дека „не бил многу заинтересиран за криптовалутите порано“, но „децата го убедија да се предомисли“.
„Крипто е една од работите што треба да ги направиме. Без разлика дали ни се допаѓа или не, мораме да го направиме тоа“, рече Трамп.