Технолошкиот напредок во автомобилската индустрија секојдневно ги пренесува функциите кои беа незаменлив дел од секој автомобил во историјата.
Во соопштението објавено од брендот Jeep, потврдено е дека електричните прозорци ќе бидат стандардни во целата гама на Wrangler.
„Електричните прозорци, кои претходно беа опционални, сега ќе бидат стандардна опрема на Jeep Wrangler. Електричните прозорци претходно беа ограничени на верзиите Sport S“, се вели во соопштението.
Jeep ги отстрани рачните подигачи за да го поедностави процесот, а истовремено да ги намали трошоците за производство на автомобилот.