Оваа есен, гравитацијата на Земјата ќе фати астероид и ќе орбитира околу нашата планета околу два месеци, како привремена втора месечина.
Овој феномен ќе се случи меѓу 29 септември и 25 ноември. Малиот астероид 2024 PT5 ќе стане „мини-месечина“ додека привремено орбитира околу Земјата. Тој нема да ја заврши целосната орбита, како што е наведено, но ќе остане во гравитациската контрола на Земјата два месеци пред да го продолжи своето патување околу Сонцето.
Кога е откриен и колку е голем?
Астероидот беше откриен на 7 август оваа година од страна на системот за последно предупредување од удар на астероидот (ATLAS) на американската вселенска агенција НАСА.
Долг е околу 10 метри, што е далеку помало од постојаната месечина на Земјата, која има пречник од 3.474 километри.
Како може да се види „втората месечина“?
Иако е видлив со професионални телескопи, астероидот ќе биде премногу темен за аматерски телескопи или двогледи.
Професионалните астрономи, сепак, ќе имаат шанса да го набљудуваат овој настан со своја опрема.
Earth has a new ‘mini-moon’! 🤏🌖
Asteroid 2024 PT5 has been ‘catching up’ with us for years. It recently got close enough to begin interacting with Earth’s gravity, leading to a short #MiniMoon phase from now until late November during which it will be bound to our planet. pic.twitter.com/v6FWoG67An
— ESA Operations (@esaoperations) September 24, 2024
Ќе се врати во 2055 година
Научниците веруваат дека оваа „мини месечина“ повторно ќе се врати во орбитата на Земјата во 2055 година.
Како што пишува „Бизнис тудеј“, ова не е редок настан. Земјата претходно имала мини-месечини, со слични појави во 1981 и 2022 година.
Како се „фаќаат“ мини-месечините?
Астероидите од појасот Арџуна можат да се приближат до Земјата и ако патуваат бавно, тогаш гравитацијата на Земјата повеќе влијае на нив.
Кога ќе се исполнат овие услови, тие стануваат привремени месечини на Земјата.
Астероидот нема да орбитира околу нашата планета како постојаната Месечина, туку ќе следи поинаков, пократок пат околу Земјата пред да се ослободи од нејзината гравитациска контрола, давајќи ни единствен и привремен поглед на небесниот феномен.