Истражувањето „Found in Translation“ на Samsungпокажува дека јазичните потешкотии ги задржуваат луѓето во зоната на комфор во туристичките атракции
Истражувањето открива аспирации и стравови на патниците кога посетуваат странски земји
Во соработка со актерот од серијата „Emily in Paris,“ Самуел Арнолд (SamuelArnold), кој често патува низ светот, Samsung, исто така,лансираше платформа за патувања каде потенцијалните авантуристи можат да најдат повеќе информации за тоа како да го подобрат своето искуство преку вештачката интелигенција (AI).
Во врска со оваа соработка, Samsung го објави истражувањето „Found in Translation“ кое открива дека 72% од европските туристи признаваат дека нивните искуства во странство би се подобриле доколку можат подобро да комуницираат со локалните жители.
За да помогне во ова, Samsung ги охрабрува патниците да ја тестираат својата Galaxy AI технологија на нивното следно патување.
Истражувањето открива дека повеќе од една третина (35%) од Европејците се борат да побараат насоки, да разберат локални обичаи (29%), па дури и да нарачаат храна (26%) – со половина од патниците (50%)признавајќи дека покажуваат на менијата!
Истражувањето, исто така, покажа дека поради јазичните потешкотии луѓето остануваат во зоната на комфор на туристичките атракции, при што речиси три четвртини (72%) од Европејците изјавуваат дека би откриле повеќе скриени богатства доколку можат да зборуваат со локалните жители, а една четвртина (25%) признаваат дека се одвраќаат од патување до омилените дестинации бидејќи не го зборуваат локалниот јазик.
Функциите Превод во живо (Live Translate) и Преведувач (Interpreter) можат без проблем да го решат ова во реално време, а тоа значи дека повеќе нема да имате „изгубени во превод“ моменти.
Со функцијата Преведувач (Interpreter), тие можат да комуницираат со локалните жители за да откријат возбудливи места што само вистинските жители ги знаат. На новиот Galaxy Z Flip6, тие можат да го користат новиотрежим за разговор кој им овозможува на двете страни удобно да ги гледаат преводите на главниот и на надворешниот екран за полесен разговор. Со функцијата Превод во живо (Live Translate), тие можат да го резервираат своето патување преку телефон – од локални резервации во ресторани до излети.
Љубителите на патувања имаат огромна желба да бараат авантури, при што 63% признаваат дека користат социјални медиуми за да откријат нови дестинации, скриени богатства и уникатни патувачки искуства. Функцијата Пребарување со заокружување (Circle ToSearch) овозможува брзо и едноставно пронаоѓање на тие информации со едноставна гестикулација. Со само едно движење на прстот, резултатите ќе покажат каде можат да ги најдат своите посакувани локации, сувенири или јадења.
Совршената фотографија од вашето патување е важна за зачувување на спомените. Младите се согласуваат со ова, при што 27% од младите на возраст од 18-34 години велат дека нивните фотографии од одмор биле уништени од луѓе во позадина што не ги познаваат. Функцијата Помош за фотографирање (Photo Assist) оди подалеку од основните поставки, овозможувајќи им на патниците лесно да ги уредуваат фотографиите – како отстранување на непожелни луѓе на фотографиите – за спомените да останат засекогаш совршени.