Kомпанијата HMD Global, која ги произведува телефоните на Nokiа воглавно објавува уреди по достапни цени. Сега, сепак, подготвува нешто помоќно.
Според инсајдерски извештаи, компанијата се подготвува да претстави моќен флегшип смартфон по малку повисока цена од претходните.
Како што е наведено, HMD Moon Knight ќе биде модел со P-OLED FHD+ екран кој има брзина на освежување од 144 Hz. Ќе биде придвижуван од чип Qualcomm Snapdragon 8x Gen3, а покрај сетапот со четири камери, ќе има и алуминиумско куќиште.
Нема подетални информации, па ќе треба да почекаме некое време за да видиме повеќе детали за овој телефон.
Инаку, неодамна HMD ја објави првата серија телефони под нивното име – HMD Pulse, а ги ажурираа и класичните модели на Nokia, иако веќе не ги наведуваат телефоните на Nokia на многу пазари во Европа.