Кина уште еднаш ѝ покажа на јавноста дека во новата вселенска трка нејзините лунарни амбиции се многу големи и апсолутно јасни – го претстави вселенскиот костум што човечкиот екипаж ќе го користи при посетата на Месечината на крајот на оваа деценија.
Оделото штити од прашина и температурни промени, а во него може да се скока и клекнува. Секое од нив содржи камери за фотографирање одблиску и далеку и на тој начин ќе испише историја со вселенскиот потфат.
Кинеската вселенска агенција (CMSA) побара од јавноста да предложи име за новиот кинески вселенски костум што нејзините астронаути ќе го користат за слетување на Месечината во следните шест години.
Тој беше откриен во саботата на третиот технолошки форум на “Space Suit” организиран од Центарот за истражување и обука на кинески астронаути во општина Чонгкинг во југозападна Кина.
Има бела боја со црвени ленти на екстремитетите. За горните изјавија дека се инспирирани од лентите од приказот на „летечките апсари“ во кинеската уметност Дунхуанг, додека оние на долните екстремитети наликуваат на пламенот за лансирање ракети.
Според видеото објавено од “CMSA”, скафандерот е направен од заштитни материјали кои можат ефикасно да ги заштитат астронаутите од лунарната околина и прашината. Во него вградиле мултифункционален интегриран контролен панел кој е лесен за ракување, како и камери за снимање одблиску и на далечина.
Вселенскиот костум има и флексибилни ракавици, панорамски визир на шлемот отпорен на блиц и спојници приспособени за средини со ниска гравитација.
Први ги носеа астронаутите Жаи Жиганг и Ванг Јапинг, кои служеа како модели. Облечени во лунарната опрема, во видеото се обидуваат да одат, да се клекнат, да се наведнуваат, да клекнат на едно колено и да се искачат на скала.
„Развојот на скафандер за слетување на Месечината започна во 2020 година, а целта беше да се произведат лесни, компактни, високо сигурни и безбедни лунарни одела. Развојот овозможи многу клучни технолошки достигнувања“, изјави за кинеските медиуми Ли Менг од Центарот за истражување и обука на кинески астронаути.
Инаку, претходните кинески вселенски одела го носеа името Феитиан и ги носеа 17 астронаути надвор од леталото. Токму Жаи, облечен во новото одело, влезе во историјата на мисијата Шенжу-7 како прва личност во Кина што изведе вселенска прошетка. Тој е и член на екипажот на мисијата Шенжу-13. Ванг е член на екипажот на мисиите Шенжу-10 и Шенжу-13 и првата жена што влезе во кинеската вселенска станица.