Иако Xiaomi Pad 7 и Pad 7 Pro ќе имаат ист дисплеј, разликата ќе биде најочигледна во чипсетот. Додека стандардниот модел ќе има Snapdragon 7 Gen 3 чип, верзијата Pro треба да пристигне со малку посилен Snapdragon 8s Gen 3.
Xiaomi наскоро ќе претстави два нови таблет уреди во Кина, Pad 7 и Pad 7 Pro. Според неофицијално објавените спецификации, може да се заклучи дека се работи за таблет уреди кои ќе ги заменат минатогодишните Xiaomi Pad 6 и Pad 6 Pro, но не и кинескиот Pad 6S Pro 12.4 претставен во февруари оваа година.
Имено, Xiaomi Pad 7 ќе го покренува Snapdragon 7 Gen 3 чипот на Qualcomm и ќе има поддршка за полнење од 45 вати. Од друга страна, Pad 7 Pro ќе има малку помоќен Snapdragon 8s Gen 3, поврзан со жично полнење од 67 вати. Разликата нема да биде очигледна само во перформансите, туку и во самата брзина на полнење, што е веројатно поважно за некои корисници.
Двата таблети ќе имаат 11,16-инчен LCD екран со брзина на освежување од 144 Hz, а ако судиме според претходните модели, визуелниот дисплеј ќе биде на задоволително ниво, особено за тој ценовен опсег, пишува GSM Arena.
Во моментов, не е сосема јасно кога Xiaomi би можел да ги претстави Pad 7 и Pad 7 Pro. Се шпекулира дека тоа би можело да се случи кон крајот на овој месец кога ќе биде претставена Xiaomi 15 серијата смартфони.
Ако треба да судиме според претходните искуства, европскиот пазар веројатно нема да го види Xiaomi Pad 7 Pro, туку само стандардниот модел.