Еден од смартфоните што ги очекуваме е OnePlus 13, кој треба да дебитира во Кина до крајот на месецот, а некое време потоа и на глобално ниво. Сега, повеќе информации за претстојниот флегшип се појавија на социјалната мрежа Weibo.
Се чини дека OnePlus 13 ќе има ултразвучен скенер за отпечатоци под екранот за разлика од оптичкиот што се користи во OnePlus 12. Телефонот ќе има верзија со 16 GB RAM и 512 GB простор за складирање, а ќе биде со цена од 685 евра. За споредба, ова е зголемување од околу 10% во однос на сегашниот модел, кој дебитираше за 620 евра за истата конфигурација.
Според последните гласини, OnePlus 13 ќе има OLED екран со дијагонала од 6,82 инчи и брзина на освежување до 120 Hz. Дополнително, ќе се базира на чипсет Snapdragon 8 Gen 4 (Extreme Edition), а ќе има и опција со 24GB RAM и 1TB простор. Батеријата ќе има капацитет од 6000 mAh со брзо жично полнење до 100 вати и безжично до 50 вати. Ќе има и опција за додавање додатоци со магнетски функционалности.
Главната камера ќе вклучува главен сензор од 50 MP Sony LYT-808, 50 MP со ултраширока оптика, 50 MP Samsung JN5 со перископ леќа за 3x оптички зум и Sony LYT-600. Телефонот ќе има IP68/69 сертификат за отпорност на прашина и вода.