Порано од очекуваното, LG почна да го пласира webOS 24 со поддршка за Chromecast на своите OLED телевизори од 2023 година, како што се C3 и G3, пред да стигне до другите производи на компанијата во подоцнежна фаза. Првичните планови беа тоа да се случи следната година, но LG очигледно реши да ги задоволи корисниците на премиум OLED моделите.
Корисниците на LG C3 и G3 известуваат дека уредите добиле ажурирање со број 23.20.50, кое го вклучува webOS 24, поддршка за Chromecast, спортски портал (во некои региони), како и поправка на багови. Претходно во текот на годината, компанијата објави дека на своите телевизори ќе им обезбеди надградби на webOS до 5 години, што е драстична промена од претходната практика.
Како и обично, ажурирањето е достапно постепено за различни модели и региони, па некои корисници можеби ќе треба да почекаат уште малку. Постои и опција за рачно инсталирање преку USB стик, но се чини дека потребните фајлови засега се достапни само за Северна и Јужна Америка.
OLED и LCD моделите на LG (вклучувајќи го QNED) од 2023 година ќе добијат ги webOS 24, 25, 26 и 27, а OLED и 8K LCD уредите од 2022 година ќе ги имаат webOS 23, 24, 25 и 26 достапни како дел од програмата webOS ReNew, која исто така ќе донесе повеќе реклами и спонзорирана содржина на телевизорите.