Xiaomi ќе ја претстави својата нова серија флегшип смартфони на 29 октомври, а до настанот останува помалку од една недела. Секако, станува збор за претставување во Кина, а меѓународната премиера може да се одржи на почетокот на следната година.
Првично, треба да ги видиме Xiaomi 15 и 15 Pro, а вториот модел можеби ќе остане ексклузивен за Кина. Во подоцнежна фаза ќе се појави и Xiaomi 15 Ultra, кој традиционално ќе има голем акцент на фотографијата.
Во меѓувреме, се појавија нови наводни фотографии од Ultra моделот, покажувајќи го неговиот препознатлив модул за главната камера. Тој е кружен, но со неконвенционален распоред на сензори, кои се поставени асиметрично.
На едниот ред е поставен ISOCELL HP9 сензор од 200 MP со периксоп леќа за 4,3x зум. Под него се наоѓаат три сензори од 50 мегапиксели. Инаку, моделот треба да понуди 6,7-инчен LTPO екран со микрокривина и брзина на освежување до 120 херци. Другите спецификации ќе вклучуваат Snapdragon 8 Elite чипсет, батерија од 6000 mAh и Android 15 оперативен систем со HyperOS 2.0.