Apple од ова лето почна да го намалува производството на своите Vision Pro уреди, а компанијата може целосно да го прекине производството на сегашниот модел до крајот на годината. Очигледно е дека нема доволно купувачи во оваа категорија за проектот да биде пазарно исплатлив.
Одлуката за намалување на производството доаѓа откако беше објавено дека Apple му дал приоритет на развојот на поевтин модел, чија претставување се очекува кон крајот на 2025 година под внатрешното кодно име N109. Се очекува овој поедноставен модел да има пониска цена од актуелниот, кој чини 3.500 долари.
Не е тешко да се претпостави зошто Vision Pro не успеа: високата цена и недостатокот на апликации се главните причини. Според извештајот на Counterpoint Research, Apple досега успеал да продаде 370.000 просторни компјутери, а се предвидува продажба на уште само околу 50.000 примероци до крајот на годината.
За споредба, Meta постигна значително поголем успех со своите модели Quest 2 и Quest 3 модели, продавајќи 6 милиони Quest 2 и 3 милиони Quest 3 во првите три квартали по нивното претставување.
Дневното производство на компанијата Luxshare за Vision Pro е преполовено и намалено од претходните две илјади на илјада парчиња. Вработени од три добавувачи за Vision Pro, кои испорачуваат низа електрични и механички компоненти, изјавиле за The Information дека досега испорачале компоненти за производство на 500.000 до 600.000 парчиња, што значи дека голема количина на непродадени уреди се наоѓа некаде во магацините.
Интересно е што Apple пред објавувањето им сугерирал на добавувачите да се подготват за производство на компоненти кои би поддржале производство на оаум милиони Vision Pro уреди во текот на животниот циклус на производот.