Скопје има свои тајни, свои убави делови, а има богами и преубави ресторани. Ги има многу! Така што дефинитивно не треба да патувате некаде далеку за да доживеете врвно гастрономско искуство. Секој посебен на свој начин, со свои специфики и уникатни карактеристики. Ресторани кои се како “неизбрусени дијаманти” и кои чекаат да бидат откриени. Таму се оди не само да се јаде, туку да се ужива, да се креираат спомени на кои долго потоа ќе се сеќаваме, “каде, што и со кого сме јаделе”!
Неретко знаеме да слушнеме коментар од типот “одете во ресторани каде има луѓе”, тоа е доказ дека храната е добра. И тоа е така, првично во еден ресторан одиме за храната, но важна е и целата атмосфера, и како таму се чувствуваме. Како е уреден ресторанот, колку е љубезен персоналот, како се служи храната, интимноста која ја имаме, и ред други работи кои влијаат на нашето расположение и емоции.
Оваа есен посетивме повеќе скопски ресторани, во различни делови од градот, пробавме различни јадења, доживеавме различни искуства. Според нашето искуство, коментарите на социјалните мрежи, она што пишува реномираниот trip adviser, нашиот избор се стесни на неколку ресторани кои ги препорачуваме и кои дефинитивно треба да бидат дел од нашата гурманска агенда во 2025 година. Ресторани каде ќе доживееме ново искуство, и кои ќе ја разнежат нашата душа.
Топ три скопски ресторани, секој посебен на свој начин!
Sky Bar Панорамика
Ако сакате некого да воодушевите, и да оставите добар впечаток со самата организација тогаш го препорачуваме ресторанот Sky Bar Панорамика. Ова е место со најубавата панорамска глетка на Скопје. Со самото доаѓање, атмосферата ќе направи да се почувствувате посебно. Скриено од урбаниот метеж и градската бучава, ова е место каде ќе ја пронајдете дефиницијата за удобности квалитет.
Модерен ресторан идеален за склучување бизнис договори, за оставање впечаток пред партнерите и соработниците, за започнување љубовни приказни, за создавање пријателства. Барот има сопствена кујна со внимателно одбрано мени, кое ќе го задоволи сечиј вкус, па дури и на оние кои сакаат нешто луксузно Wagu Ribay стек. Може да се одбере од уникатните пијалоци, како на пример коњак Луј 13-ти. Овде ќе ја откриете магијата на храната приготвена со љубов и знаење, од страна на мајсторските раце на готвачите од кујната на Sky Bar Панорамика.
Ресторани Сидро
Мотото на ресторанот е „Сидро – вкусот на морето во Скопје“ и со право!. Времето поминато во Сидро не е само обичен ручек или вечера туку сетилно патување што гради спомен и живее долго по последниот залак. Овде барем на неколку часа ќе се почувствувате како да сте на некое медитеранско крајбрежје, пробувајќи свежи и одлично подготвени ракчиња, октопод на скара, пржени каламари, ракчиња во кадаиф, лосос или нешто друго морско. Да ја пробате најдобрата морска храна, но и најдобрите вина и десерти, во одличен амбиент и по многу достапни цени. За многу луѓе Сидро рестораните се веќе омилена дестинација.
Така што ако сте љубител на морска храна, тогаш локацијата за вас дефинитивно се ресторани Сидро.
Ботаника Урбана кафана!
Место за луѓе со истенчен вкус, кои знаат што сакаат и кои не прават никакви компромиси кога е изборот на храна во прашање.
Па така ако сакате да јадете нешто што досега не сте го пробале, и на кое долго време ќе се сеќавате тогаш Ботаника Урбана кафана е местото за Вас. На пример фета во фурна со медени смокви, шкампи обвиени со сланина, италијанска поркета врз пире компир, бифтек ќебапи со пепер сос или некои други феноменални специјалитети трпеливо подготвено под надзор на главниот готвач Софка Камиловска. Таа со својот тим може да подготви јадења и според желба и според расположението на клиентот. Ако сте мамурни, да подготвам бургер, за да ви го подигне духот (или тоа на запад го викаат comfort food). Ако сте демотивирани паста со аспарагус и лимон, за да ви отвори нови идеи за размислување. Ако сте среќни и имате убав повод, мезиња што одат добро со вино, за да вечерта трае подолго.
Ова е ресторан каде се внимава на најмалите детали! Од служење, однос на персоналот, до приборот за јадење, атмосфера, музика…Овде ќе се почувствувате навистина отмено, опуштено и ќе уживате во секоја минута помината тука….. се е некако ненаметливо, дискретно, а убаво!
Не чекајте! Животот е краток за да не уживаме во него.