Microsoft веќе долго време работи на приближување на Android до својот оперативен систем Windows, апликацијата Phone Link е добар пример бидејќи дозволува сè, вклучително и остварување повици и гледање известувања од Android на компјутер, а сега компанијата прави чекор понатаму.
Microsoft подготви ажурирање што го интегрира складирањето на телефоните со Android во File Explorer. Претходно, оваа функција беше достапна само за тестирачите на Windows 11, но сега Microsoft ја прави достапна за сите, вклучувајќи ги и корисниците на Windows 10.
Функцијата се чини дека постепено се проширува кај корисниците, па некои можеби нема да ја видат промената веднаш.
За оние што ја добиле надградбата, ќе можат да го видат името на нивниот мобилен телефон во левата странична лента на File Explorer без да мора да го поврзат уредот преку USB-кабел или апликацијата Phone Link. Името на мобилниот телефон треба да биде над опцијата This PC. Со кликнување на кратенката ќе се отвори прозорец што покажува што е зачувано во меморијата на уредот, исто како и користењето на USB-кабел.
Со оваа интеграција, прегледувањето и преносот на датотеки помеѓу компјутер и уреди со Android е уште полесно. Ако датотеката е избришана на мобилниот телефон, таа ќе се појави во папката Recycle Bin. Овие датотеки трајно се отстрануваат по 30 дена. Дополнително, ќе може да се користи функцијата Windows Search на лентата со задачи за пребарување на одредени датотеки на мобилниот телефон
За да се користи интеграцијата за складирање на Android, мора да се исполнат неколку барања. Компјутерот мора да ја користи најновата верзија на Windows 11 или Windows 10. Неопходно е да се отвори Microsoft Store и да се избере картичката Downloads и да се надгради Cross-Device Experience Host со најновата верзија. Мора да имате Android 11 или понова верзија на оперативниот систем на вашиот мобилен телефон и да ја имате апликацијата Link to Windows за Android, односно нејзината верзија 1.24071 или понова.
Потоа треба да ги следите чекорите Settings – Bluetooth & devices – Mobile Devices и да проверите дали мобилниот телефон е поврзан со компјутерот. Корисниците на Windows 10 можат да го најдат делот Mobile Devices директно на почетната страница од делот Settings.
Способноста да се интегрира складирање на Android без потреба од Phone Link или USB-кабел е во секој случај корисна надградба.