Компанијата OnePlus отсекогаш преферирала да ги има најновите и најдобрите процесори во своите флегшип смартфони, така што и OnePlus 13 стигна со новиот Qualcomm процесор Snapdragon 8 Elite.
Досега најдобриот смартфон од OnePlus доби и врвен екран произведен од BOE, IP69 сертификат за отпорност и поголема силиконско-карбонска батерија со капацитет од 6.000 mAh.
Иако новиот модел најпрвин ќе се продава во Кина, во следните месеци ќе стигне и на глобалните пазари.
Кога станува збор за екранот, OnePlus 13 ја отфрли закривеноста на претходникот и премина на 2.5D quad-curved структура. Екранот изгледа како да е рамен, но суптилно е закривен од сите страни. Како резултат на тоа, OnePlus 13 е малку пократок од својот претходник, но, и покрај тоа, има екран со големина од 6,82 инчи.
Станува збор за X2 флегшип OLED екран на BOE, односно 8T LTPO OLED панел со резолуција од 1.440p и фреквенција на освежување од 1 до 120 Hz. Типичната светлина изнесува 800 нита, а максималната достига до 4.500 нита. Уште еден нов додаток е ултразвучниот скенер за отпечатоци.
OnePlus доаѓа со подобрен IP69 стандард за заштита, кој станува тренд за кинеските флагшипови. Тој е подобар во однос на IP68 бидејќи вклучува заштита од течности под висок притисок и чистење пареа.
„Под радарот“ помина уште еднa новина, а тоа е новиот вибрациски мотор со „фидбек на ниво на гейминг контролер“. Со својот волумен од 602 mm², ова е најголемиот вибрационен мотор што било кога е вграден во Android смартфон.
На задната страна на мобилниот телефон се наоѓаат три камери од 50 MP, кои се развиени во соработка со компанијата Hasselblad. Главната 23 mm камера користи Sony LYT-808 сензор со оптичка стабилизација на сликата, а и неа ѝ се придружува перископски 3x LYT-600 сензор со 73 mm еквивалентен фокус. Третата 15 mm камера користи Samsung S5KJN5 сензор, кој служи и како макро камера.
OnePlus 13 користи ColorOS 15 базиран на Android 15 за кинескиот пазар, додека примероците за меѓународниот пазар доаѓаат со OxygenOS 15 софтвер.
Смартфонот се напојува со силиконско-карбонска батерија со капацитет од 6.000 mAh, која поддржува 100W жичано и 50W безжично полнење.
OnePlus е достапен во бела, Обсидијан и сина боја. Верзијата со 12 GB RAM и 256 GB внатрешна меморија чини 632 долари, додека цената на најскапата верзија со 24 GB RAM и 1 TB внатрешна меморија изнесува 842 долари.