Компанијата Google претстави низа нови функции во апликацијата Maps, овозможени благодарение на четботот Gemini AI
Сега корисниците можат да побараат од Maps идеи за места кои би можеле да ги посетат, како и активности што би можеле да ги прават. Со користење на Gemini, Maps ќе може да испланира активност за корисникот, но и за група луѓе во одредена околина. Исто така, ќе може да понуди резиме на искуства на оние кои веќе го посетиле одреденото место, а можно е и да се постави прашање за тоа дали локацијата има отворени места за седење или тивка атмосфера. Новите функции се достапни на Android и iOS во САД оваа недела.
Возачите кои се потпираат на навигацијата сега можат да ја користат функцијата “add stops” за додавање знаменитости, атракции, локации со убав поглед, како и ресторани долж нивната рута. Maps ќе го прикажува патот појасно, со ленти, пешачки премини и патокази за време на возењето и ќе укаже во која лента треба да биде возачот за да го одбере вистинскиот излез. Конечно, се воведува можност за пријавување на лоши временски услови на рутата, така што другите возачи ќе бидат подготвени за нив.
Maps ќе ги информира возачите за блиските паркинзи кога ќе се приближуваат до дестинацијата, а достапни ќе бидат и упатства за пешачење од автомобилот до влезот преку Street View или AR прошетка. Овие функции ќе бидат глобално достапни за Android и iOS во повеќе од 30 метрополи, а подоцна и на пошироко ниво.
Исто така, Maps добива и подобрено искуство со Immersive View. За оние кои не знаат, Immersive View им овозможува на корисниците виртуелно да истражуваат стадиони, паркови и рути со помош на AI прикажувања, како и визуелно да се информираат за временските и сообраќајните услови во одредено време од денот на избраната локација.
Immersive View ќе биде достапен во 150 градови ширум светот и добива нови категории места како што се кампуси. На рутите ќе обезбедува информации за паркирање и ќе ги истакнува сложените скршнувања. Оваа надградба веќе пристигнува до корисниците на Android и iOS во регионите каде што е достапна функцијата.
Google исто така ги подобрува функциите на Waze, кои вклучуваат можност за пријавување на сообраќајни несреќи и новата функција Conversational Reporting, која поддржува природен говор и може да ги “видe” зоните околу училиштата на мапата.