Microsoft PC Manager за Windows 11 сега донесува опција за контрола на брзината на интернетот, напредно чистење на дисковите и оптимизација на перформансите.
Microsoft PC Manager е алатка популарна меѓу одредени корисници, особено во Азија. Сега доби големо ажурирање (верзија 3.14) по подолго време. PC Manager за Windows 11 (и Windows 10) овозможува следење на брзината на интернетот директно на десктопот, преку алатник, и има нов алгоритам за чистење на дискот кој може да ослободи повеќе простор.
PC Manager е развиен од Microsoft China и е достапен преку Microsoft Store во некои земји. Иако апликацијата е безбедна, бидејќи е развиена и одржувана од страна на Microsoft, таа не е достапна во Европа и во некои други земји поради поставките за приватност. Со PC Manager, лесно можете да ослободите RAM и простор за складирање на податоци за да го направите вашиот компјутер побрз.
Ова е основната идеја зад PC Manager, кој е сличен на алатки од други производители, како што е CCleaner и слични. Microsoft PC Manager е посебно популарен во Кина и други азиски земји, бидејќи корисниците сакаат да ослободуваат RAM во надеж дека ќе ги „подобрат перформансите.“ Постојат многу други апликации кои го прават тоа, но решението на Microsoft не го нарушува Windows ниту ги прекинува неговите функции.
Што е ново во PC Manager 3.14, кој започна да се појавува кај сите корисници од 24-ти октомври?
Според забелешките за направените подобрувања, PC Manager сега овозможува следење на брзината на интернетот во реално време, преку алатник со соодветни алатки.
За оние кои не се запознаени, станува збор за мал мени кое се наоѓа на вашиот екран, обично од страна или на дното, и ви овозможува со еден клик да ослободите RAM, да го отворите Edge, да го отворите Notepad или да направите снимка од екранот.
По ажурирањето, алатникот сега може да ја прикажува брзината на пренос и преземање на вашата интернет конекција во реално време, така што повеќе нема потреба да ја отворате мрежната табла во Task Manager за да ја следите брзината на интернетот.
Друга значајна промена е поддршката за Windows 11 Widget површината. Сега можете да одите на таблата со видџети и да го инсталирате PC Manager видџетот. На тој начин можете да ги подобрите перформансите со еден допир, директно од видџетот.
Темелното чистење во Microsoft PC Manager сега може да ослободи повеќе простор на дискот на Windows 11.
Microsoft исто така тестира ново подобрено чистење на податоци, кое може побрзо да ги отстрани непотребните фајлови и сега е способно да идентификува и отстрани повеќе привремени фајлови од стандардните Windows решенија, пишува Windows Latest.
Microsoft ветува „поголема прецизност“ во откривањето на скриените делови од вашиот систем и ослободување на повеќе простор. Исто така, можете да затворите апликации кои го блокираат процесот на чистење на дискот, и тоа со помош на еден клик.
На крајот, PC Manager е од сега способен брзо да го анализира ОС дискот, ќе ви помогне лесно да го разберете користењето на дискот и да понуди предлози за управување со просторот за складирање.
PC Manager може да го најдете на Microsoft Store. Ако не е достапен, можете да го преземете од овој линк.