Наредната година изгледа дека не очекува мала, но значајна промена за смартфоните на Apple. Според аналитичарот Минг-Чи Куо, барем еден од моделите на iPhone 17 ќе биде опремен со Wi-Fi 7 чип, развиен од Apple.
Сите актуелни модели на iPhone користат комбиниран Wi-Fi и Bluetooth чип, испорачан од Broadcom, но Куо очекува Apple да користи сопствен Wi-Fi чип за речиси сите свои производи во наредните три години. Аналитичарот истакнува дека овој потег ќе ги намали трошоците на компанијата и дополнително ќе ја зајакне интеграцијата помеѓу хардверот и софтверот.
Инаку, сите четири модели на iPhone 16 поддржуваат Wi-Fi 7 со Broadcom чипот, но со одредени ограничувања. Куо наведува дека сопствениот Wi-Fi чип на Apple ќе ја поддржува најновата спецификација на Wi-Fi 7 и ќе се произведува со 7-нанометарски процес од TSMC.
Се очекува исто така Apple следната година да го пушти во употреба и својот сопствен 5G чип, почнувајќи со iPhone SE, а потоа и за iPhone 17 Slim.