Претстојниот мобилен телефон на компанијата Nothing не престанува да го предизвикува интересот кај публиката. Од една страна е вклучен Карл Пеи, еден од креаторите на OnePlus, а од друга страна, Nothing ветува редефинирање на концептот на смартфонот како таков. Дали сето ова е само хип-хоп маркетинг ќе дознаеме релативно наскоро, кога Nothing Phone 1 официјално ќе се појави пред публиката.
Дотогаш, сите корисници кои имаат компатибилни телефони можат да го преземат Nothing Launcher од Google Play Store, што претставѕва прв увид во најавениот Nothing OS. Според челниците на оваа компанија, станува збор за „отворен и едноставен кориснички интерфејс кој овозможува лесна интеграција на сите Nothing производи, како и производина другите водечки светски брендови во светот на технологијата“.
Во моментов, освен понеобичниот изглед, ова корисничко опкружување не донесува голема разлика во однос на конкурентските решенија. Што се однесува до дизајнот, има почетен екран кој содржи два ретро виџети за часовникот и временската прогноза.
Покрај тоа, овој launcher едноставно го зрачи стилот на Nothing што првпат го видовме со нивните безжични слушалки (1). Црното, белото, црвеното и цевкупното ретро и пикселизирано е она што го привлекува вниманието при краткото користење на Nothing Launcher.
Покрај тоа, основачот на оваа компанија, Карл Пеи нагласи и дека Nothing OS ќе има уникатни фонтови, како и различни бои и графика во споредба со другите оперативни системи, што е очигледно и при користење на овој launcher.
Во моментов, мобилните уреди кои можат да го преземат Nothing Launcher се Google Pixel 5, Google Pixel 6, Samsung Galaxy S21 и S22 сериите, а се очекува поддршка и за одредени модели на OnePlus. Сосема коректна забава до официјалната објава на Nothing phone (1) смартфонот. Nothing Launcher е достапен преку Play Store и може да се испроба на следниот линк.