Најновото истражување на Counterpoint Research покажува дека лани iPhone 15 е најпродаваниот паметен телефон на светот во периодот од јули до септември оваа година
Според истражувањето на пазарот што го спроведе Counterpoint Research, iPhone 15 беше најпродаваниот мобилен телефон на светот во третиот квартал од оваа година. Незначително зад него се наоѓаат модели од истата серија, iPhone 15 Pro Max и iPhone 15 Pro.
И покрај тоа, Samsung доминира во вкупниот број на уреди меѓу топ 10 најпродавани, благодарение на популарноста на серијата Galaxy A, која е наменета за оние кои бараат добар однос цена/квалитет. Деветто место го зазема Xiaomi Redmi 13C, додека на десетото место се најде компактиот Galaxy S24.
Овие десет уреди заедно сочинуваат дури 19 проценти од вкупната глобална продажба на паметни телефони во периодот од јули до септември 2024 година.
Како што наведуваат од Counterpoint, забележан е помак во потрошувачките преференци, при што се повеќе корисници, дури и во земјите во развој, бараат уреди од повисока класа. Благодарение на поволни опции за откуп на постари уреди и промоции од страна на телекомуникациските оператори, iPhone 15 Pro и 15 Pro Max забележуваат значителен раст на продажбата на тие пазари.
Посебно интересно е што Samsung Galaxy S24 е првиот модел од серијата Galaxy S кој влегува во топ 10 во третиот квартал уште од 2018 година, што значи дека јужнокорејската компанија оваа година постигнала добар успех со својот компактен flagship мобилен телефон.
Од друга страна, Xiaomi Redmi 13C продолжува со успехот на својот претходник, моделот Redmi 12C, нудејќи подобри спецификации од повеќето конкуренти во таа ценовна категорија, што му овозможи значителен удел на пазарот.