Netflix неодамна претстави нова функција за мобилната верзија наречена Highlights, што во слободен превод би значело „најдобри моменти.“
Поради ограничувањата на DRM (Digital Rights Management), екраните од Netflix се затемнети освен ако ова ограничување не е заобиколено на веб или мобилната верзија. Меѓутоа, новата опција „Highlights“ им нуди алтернатива на корисниците.
Оваа функција овозможува корисниците на мобилни телефони да означуваат „најдобри сцени“ додека гледаат содржина. Доволно е само да притиснат копче на дното на екранот за да го зачуваат моменталниот приказ.
Следниот пат кога ќе гледаат, корисниците можат да почнат репродукција од означеното време. Овие „најдобри моменти“ ќе бидат зачувани во посебен дел и може да се споделат со пријателите. Исто така, ќе биде означено точното време (на пример, почнува од „Х минути и Х секунди“).
Функцијата Highlights не е функција за сликање на екранот, туку за обележување, но на некој начин може да се смета за решение. Моментално е достапна само на iOS, а на Android се очекува да биде достапна во наредните недели.