Netflix пакетот со реклами во јануари имаше 22 милиони корисници, во мај 40 милиони, а сега има над 70 милиони корисници, што претставува импресивен раст.
Netflix во вторник објави дека нивниот претплатнички план со реклами сега има над 70 милиони корисници ширум светот. Овој раст потврдува дека публиката, и покрај општото мислење, очигледно нема ништо против рекламите, особено кога станува збор за најпопуларниот стриминг сервис во светот.
„Netflix продолжува да бележи стабилен напредок во базата на корисници во сите земји. Моментално, над 50 проценти од новите претплатници во земјите каде што е достапен пакетот со реклами токму ја избираат таа опција“, изјави Ејми Рејнхард, претседателка на одделот за рекламирање во Netflix.
За подобар контекст, Variety наведува дека Netflix-овиот пакет со реклами во мај имал 40 милиони корисници, додека во јануари тој број бил 22 милиони. Ова претставува раст од повеќе од три пати за помалку од една година, што ја покажува популарноста на овој пакет, за кој првично се мислеше дека нема да успее.