Венера и Јупитер, двете најсветли планети во Сончевиот систем, денеска навидум ќе се доближат днајмногу во последните неколку години.
Планетите всушност ќе бидат разделени со милиони километри, но од Земјата ќе изгледаат како да се допираат.
Блиската привидна положба на двете небесни тела се нарекува конјукција и обично се случува еднаш годишно, но оваа година Венера и Јупитер ќе изгледаат многу поблиску од вообичаеното. Ова нема да се повтори до 2039 година.
Планетите ќе бидат видливи од земјата со двоглед или со голо око.
Последен пат овие планети изгледаа толку блиску од земска перспектива во август 2016 година, но тогаш беше потешко да се видат бидејќи беа многу поблиску до Сонцето.