Новите MacBook Pro модели со M4 генерацијата чипови користат Quantum Dot технологија на дисплејот, според аналитичарот за дисплеи Рос Јанг. Apple првпат користи филм со квантни точки наместо филм со црвен KSF фосфор, што претставува промена која обезбедува повибрантни и поточни бои.
Јанг објаснува дека Apple претходно се одлучувал за KSF за моделите на MacBook Pro бидејќи не го содржеле токсичниот елемент кадмиум (типичен за квантни точки) и е поефикасен (и затоа поевтин). Во 2015 година, кога Apple го воведе P3 широкиот спектар на бои на iMac, извршните директори на Apple истакнаа дека технологијата на квантни точки била разгледувана за LED дисплеите, но отфрлена поради употребата на кадмиум.
Сега постојат опции заQuantum Dot без кадмиум, кои според Јанг, имаат ист или подобар опсег на бои и подобри перформанси во движење во споредба со KSF филмот што Apple го користеше претходно. KSF фосфорниот слој што Apple го додаде на претходните модели на MacBook Pro ги подобруваше боите со засилување на нијансите на црвено, но филмот со квантни точки се смета за супериорен бидејќи често резултира со подобра точност на боите и поширок спектар на бои.
Quantum Dot технологијата веќе неколку години се користи за дисплеите од висока класа, со компании како Samsung и Sony кои произведуваат “QLED” дисплеи и телевизори.
Apple не ги истакна специфичните подобрувања во боите кај M4 MacBook Pro моделите, но максималната SDR осветленост е зголемена на 1.000 нита, во споредба со 600 нита кај претходниот модел.