Во последните години, македонските власти бараат начини да ја трансформираат земјата во рај за проекти за обновливи извори на енергија, со нови регионални проекти и инвестиции кои беа најавени посебно во 2021 година.
Автори: Бојан Стојковски, Емирјон Сења и Енкеледа Бодини
Неодамнешната криза на цените и особено на енергетските ресурси уште еднаш ја потенцираа неопходноста за земјите од Европа, но и од балканскиот регион да ги диверзифицираат енергетските извори и да ја зголемат искористеноста на обновливата енергија.
Додека Албанија и Македонија се на прагот да ги отворат преговорите за интеграција во Европската унија, дополнително тие исто така треба да се интегрираат и во енергетскиот систем на ЕУ до 2030 година. Ова носи многу предизвици само по себе во регион кој и покрај напорите на последните години сè уште заостанува зад стандардот на ЕУ.
Енергетската безбедност во Албанија и Македонија носи големи предизвици – албанскиот енергетски систем директно зависи од врнежите, бидејќи производството целосно зависи од хидроелектраните, дека Македонија мора да ја жртвува животната средина или пак да потроши многу на обноввувае на технологијата во фунционалните термоелектрани.
Сепак, проектите во последниве години се ветувачки во однос на производството на обновлива енергија и покажуваат дека регионот има висок потенцијал во однос на искористувањето на соларната и ветерната енергија.
Македонија – бум на проекти во текот на 2021 година
Во последните години, властите на Македонија бараат начини да ја трансформираат земјата во рај за проекти за обновливи извори на енергија, со нови регионални проекти и инвестиции кои беа најавени особено низ 2021 година.
Инсталираниот капацитет за производство на електрична енергија од обновливи извори во северна Македонија е околу 37 отсто од вкупниот капацитет, се вели во годишниот извештај на Регулаторната комисија за електрична енергија. Сепак, земјата има за цел да го зголеми овој процент на 50% до 2024 година.
Големи еколошки проекти и инвестиции
Во текот на изминатата година, неколку големи европски компании настапија со големи проекти за енергетскиот сектор нa Македонија.
Во јуни 2021 година, австриската групација „Ерсте“ објави дека заедно со Австриската банка за развој (ОеЕБ) ќе ја финансираат изградбата на вториот проект на ветерен парк во земјата наречен „Богословец“, во зделка вредна 61 милион евра. Паркот на ветерници со инсталирана моќност се очекува 36 мегавати да биде завршен до 2023 година, и да обезбеди производство на чиста енергија за повеќе од 20.000 домаќинства.
Во октомври 2021 година, германскиот развивач на ветерни и фотоволтаични паркови ВПД објави дека ќе учествува во најголемата директна зелена инвестиција во Македонија. Проектот е парк на ветерници со инсталирана моќност од 400 MW наречен „Вирови“, вреден 500 милиони евра, кој се очекува да биде завршен во рок од шест години. Северна Македонија, исто така, потпиша стратешко партнерство со германската компанија.
Францускиот производител на обновливи извори на енергија „Акуо енерџи“ на крајот на ноември најави дека ќе инвестира 270 милиони евра во фотоволтаичен парк со моќност до 400 мегавати во земјава. Изградбата се очекува да заврши до крајот на 2024 година.
Кон крајот на минатата година, земјата исто така ги направи првите чекори кон транзиција од фосилни горива кон чиста енергија. Властите изградија фотоволтаичен парк од 10 мегавати во еден дел од електраната Осломеј.
Според Европската банка за обнова и развој, која го финансираше проектот, новиот фотоволтаичен парк во Осломеј ќе помогне да се спречи емисијата на повеќе од 12.000 тони јаглерод диоксид.
„Во енергетскиот сектор постои решеност до 2030 година да се затвори РЕК Битола и да се трансформира ТЕЦ Осломеј во фотоволтаичен парк. Новите инвестиции за изградба на ветерни електрани имаат за цел и за декарбонизација на енергетскиот сектор. Се очекува во следниот период надлежните да ги зајакнат и да ги зголемат напорите за имплементацијата на поголеми еколошки програми“, објаснува Емина Рустемоска, експерт за животна средина од Струга.
Албанија – сè уште неискористен потенцијал за обновливи извори на енергија
Поради својата географска местоположба, Албанија има големи капацитети за користење на обновливи извори на енергија како што се ветер, сончева енергија, биомаса и геотермална енергија. Земјата веќе произведува повеќе од 90% од електричната енергија од хидроелектрани, што ја прави директно зависна од врнежите, додека во нивно отсуство таа мора да увезува електрична енергија по високи цени.
Ова ја рангира Албанија како трета земја во Европа во однос на учеството на обновливите извори на енергија во вкупната произведена енергија, но таквиот факт не дава сигурност бидејќи во отсуство на врнежи Албанија мора да увезува по многу високи цени. Најдиректен показател за тоа е периодот јануари-март 2022 година кога земјата мораше да увезе струја по цена од 250 евра по мегават час.
Европската комисија во минатогодишниот извештај за Албанија наведува дека благодарение на нејзината географска положба и природни ресурси, земјата има висок развоен потенцијал за искористување наобновливите ресурси.
Во друг извештај се заклучува дека инвестициите во обновлива енергија, исто така, можат да создадат широк опсег на придобивки за Албанија, вклучително и доволно енергија, подобрена мрежа каде што може да се поддржат нови работни места.
Албанската влада во својот стратешки план за 2030 година го вклучи и зголемувањето на тежината на обновливите извори на енергија со помош на ветерот и сонцето. Според Албанската агенција за развој на инвестиции, земјата има потенцијал да произведе 2000 повеќе електрична енергија од ветерни електрани, како и потенцијал да произведува од 1185 до 1700 киловат часови по метар квадратен годишно од фотоволтаични паркови.
Албанија има за цел во следните пет години да овозможи и инвестиции кои би произведувале до 7-8% од вкупната енергија од ветерни и фотоволтаични паркови.
Еден од првите проекти на фотоволтаични централи во земјава е оној во ХЕЦ “Бање“ со инсталирана моќност од 2 мегавати, инвестиција на компанијата „Статкрафт“. Компанијата минатата година објави дека почнала да произведува енергија од оваа централа која се наоѓа на водите на езерото во Бање.
Исто така, албанската влада распиша аукција за формирање ветерни електрани со инсталирана моќност од 10 до 75 мегавати, со што се обезбедуваат средства за потенцијалните инвеститори, кои ќе бидат поддржани од ЕБОР. Албанската влада дополнително нуди и 20 простори за производство на електрична енергија преку ветер од север кон југ.
Фериботи на соларна енергија ќе ги поврзуваат градовите долж Охридскоро езеро
Кандидатурата на Македонија за ЕУ може да одигра клучна улога во нејзината транзиција кон обновлива енергија, бидејќи некои од барањата на ЕУ вклучуваат и зголемување на уделот на обновливите и чистата енергија.
Со оглед на досегашното искуство во искористувањето на расположливите ЕУ фондови, она што треба да се направи во наредниот период е властите да ги зајакнат потребните капацитети за да помогнат во апсорпцијата и искористувањето на овие средства.
Без разлика на моментот кога Македонија и Албанија официјално ги отвораат преговорите за членство, властите мора да се погрижат да нема препреки за исполнување на стандардите во областа на животната средина и климата.
Новата преговарачка методологија на ЕУ јасно го дефинира патот што треба да се следи за исполнување на критериумите на ЕУ од агендата Зелен кластер 4 и одржливата врска, според која таа неминовно ќе доведе до зајакнување на меѓусекторската соработка и на централно и на локално ниво.
Затоа, проект како оној за бродска линија што ги поврзува градовите Струга и Охрид со Поградец со помош на мали траекти на соларна енергија би бил чекор во вистинската насока.
Во исто време, покрај еколошкиот пристап, проектот ќе промовира поврзување, како и ќе одговори на некои од еколошките прашања со кои се соочуваат двете земји, особено кога станува збор за потрошувачката на енергија и енергетската криза што ја погоди Европа, која исто така беше се рефлектира во двете земји во текот на зимските месеци.
Со помош на средства од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ (ИПА), двете соседни земји настојуваат да го завршат овој проект, кој ќе донесе економски и еколошки придобивки за регионот.
„Програмата ИПА-ПС е програма каде општините од две земји, Македонија и Албанија заеднички аплицираа за грантови преку општините Струга и Поградец. Општина Охрид подоцна се приклучи на изменета верзија на проектот, вредна околу 1,1 милион евра“, изјави раководителот на Секторот за ЕУ фондови и меѓународна соработка при општина Струга, Албрим Положани.
Предвидено е и проектот да стане туристичка атракција за регионот. Во моментов е во завршна фаза бидејќи двете страни ги прават последните напори да ги добијат потребните дозволи и подготовките за официјалното започнување на проектот.
„Малите траекти со соларна енергија и сите материјали што се користат за потребната инфраструктура се во согласност со официјалните препораки од релевантните експерти за животна средина. Со оглед на бројот на граѓани и туристи кои патуваат од Македонија кон Албанија и обратно, воведувањето на траектната линија со соларна енергија ќе биде корисно од туристички и економски аспект“, додаде Положани.
На овој проект уште поентузијастички се гледа од другата страна на езерото. Градоначалникот на Поградец, Илир Џаколи вели дека очекува зголемување на бројот на посетители по отпочнувањето со работа на оваа линија, притоа откривајќи повеќе детали за неа.
“Планирани се три вакви бродови и секој од нив е со капацитет од 50 седишта. Во моментов сме во фаза наподготовка, а во однос на Поградец треба да започне иизградбата на пристаништето каде што ќе се закотват овиепловни објекти“, рече тој.
Џаколи додава дека со проектот е предвидено формирањена заедничко здружение кое ќе раководи со предметниотпроект, а покрај траектите предвидено и обезбедување насета потребна инфраструктура за да се овозможидвижење, прицврстување, управување со патници и одржување на бродската линија.
„Проектот вклучува набавка на багер и пумпа“, рече тој и додаде дека општина Поградец ќе го обезбеди секојнеопходен капацитет за реализација на овој проект.
Според експертите, ваквите проекти за регионалнасоработка можат во голема мера да бидат од корист зацелите за енергетска транзиција и постигнувањеенергетска безбедност на овие земји.
„Во однос на најавените планови за регионална соработкасо другите земји од Западен Балкан, поврзувањето сомодерна меѓурегионална и европска преносна мрежа е предуслов за успешна енергетска транзиција и енергетскабезбедност“, изјави Ивана Вучкова, координатор напрограмата Фондацијата Фридрих Еберт во Скопје.
„Затоа, секој ваков проект треба да се поздрави, бидејќизаедничките инвестиции во енергетиката се јасен сигналза изградба на конкурентен регион, наместо да сепрактикува меѓусебна конкуренција, која како штовидовме досега никому не носи корист“, истакна Вучкова.
Охрид, Струга и Поградец претходно спонтано беаповрзани со фериботи, главно во лето, но предметниотпроект се чини дека е поперспективен и долгорочен, поставувајќи ги темелите за понатамошна подлабокасоработка како пример за соседството на добра и заедничка интеграција во ЕУ.
Оваа публикација е поддржана преку регионалната програма „Отпор кон дезинформации и говор на омраза: Акција на граѓанското општество за реафирмирање на слободата на медиумите и спречување дезинформации и пропаганда за ширење омраза во земјите од Западен Балкан и во Турција“, што се спроведува со поддршка од Европската Унија, од страна на партнерските организации од регионот: СЕЕНПМ, Македонски институт за медиуми, Албански медиумски институт, Медиацентар, Косово 2.0, Црногорски институт за медиуми, Новосадската школа за новинарство, Мировен институт и Бианет.
Содржините во публикацијата се единствена одговорност на авторите, и во никој случај не може да се смета дека ги одразуваат ставовите на Европската Унија.