Веќе долго време се зборува дека Apple ќе го замени моделот iPhone 16 Plus со iPhone 17 Air (или iPhone 17 Slim) следната година, бидејќи Plus моделот има најслаба продажба од сите четири модели што Apple ги претставува секоја година. Овој смартфон наводно ќе биде уште потенок отколку што претходно се шпекулираше.
Минатата недела се појавија извештаи дека дебелината на моделот Air ќе изнесува само 6 мм, но изгледа дека уредот сепак ќе биде уште потенок. Ова е заклучокот од нов извештај за претстојниот уред, каде се наведува дека неговата дебелина ќе биде меѓу 5 и 6 мм.
За споредба, дебелината на iPhone 16 изнесува 7,8 мм, а на iPhone 16 Pro 8,25 мм. Претстојниот iPhone Air ќе биде потенок дури и од најновиот iPad Air, таблет со дебелина од само 6,1 мм. Од друга страна, новиот iPad Pro има дебелина од 5,1 мм, така што изгледа дека Apple „целосно се фокусира“ на сличен профил за овој тенок смартфон.
Поради неговиот екстремно тенок дизајн, некои работи мораа да бидат изоставени, вклучувајќи ја и физичката SIM картичка. Исто така, уредот ќе има само еден звучник кој ќе служи и како слушалка, бидејќи нема простор за друг звучник на дното. iPhone 17 Air ќе користи модем дизајниран од Apple, кој ќе биде помал и енергетски поефикасен од Qualcomm модемите што Apple моментално ги користи. Сепак, ќе недостасува mmWave поддршка, а брзината на податоците исто така ќе биде пониска во споредба со Qualcomm процесорите.
Помала батерија исто така не е изненадување, па се очекува капацитетот да биде помал од 3.561 mAh, колку што има батеријата на основниот модел на iPhone 16. Во новиот извештај се споменува и само една задната камера, сместена во голем централен испакнат дел.
Претходните гласини тврдеа дека iPhone 17 Air ќе користи 6,6-инчен екран, алуминиумска рамка, A19 процесор, Face ID технологија, Dynamic Island, задна камера од 48 MP, селфи камера од 24 MP и 8 GB RAM. Се очекува да биде претставен во септември 2025 година заедно со iPhone 17, iPhone 17 Pro и iPhone 17 Pro Max.