Samsung постојано работи на иновации, а неодамна на интернет се појавија интересни патенти. Помеѓу нив има уреди на троен преклоп, склопливи гејмерски рачни уреди, како и мобилни телефони со екрани што се виткаат, но сега има нов патент, кој претставува таблет со екран што може да се растегне
Технологијата на виткачки екран изгледа како одлична идеја за уреди со големи екрани кои се исто така преносливи. Претходниот патент на Samsung ја демонстрираше технологијата имплементирана во паметните телефони, но новиот патент покажува дека компанијата сака да го користи ова решение и за таблет компјутери. Документот е регистриран на 26 ноември и вклучува скици и описи на некои од клучните компоненти на уредот.
Скиците покажуваат дека таблетот на Samsung би можел да биде подебел од денешните модели, што е разбирливо со оглед на фактот дека големиот екран сепак мора некаде да се смести. Сепак, патентот не дава конкретни детали за димензиите на таблетот, па не е јасно дали Samsung размислува да ја имплементира технологијата во компактен таблет или огромен уред како Tab S10 Ultra. Компанијата би морала да имплементира механизам заснован на внатрешен мотор за „извлекување“ на скриените делови од екранот.
Скиците покажуваат и USB-C приклучок, кој би можел да служи како конектор за тастатура.
Како и со секој патент, не постои гаранција дека овој уред некогаш ќе се појави на пазарот. Сепак, ова е доказ дека Samsung бара нови начини да иновира, да донесе нешто возбудливо на пазарот.