Како што се очекуваше, Vivo официјално претстави два нови смартфони во Кина – Vivo S20 и S20 Pro.
Кај новите смартфони, фокусот е на дизајнот и спецификациите од горниот среден сегмент. Главните разлики помеѓу двата модела се процесорот, камерите и батеријата.
И двата S20 модела користат 6,67-инчен AMOLED FHD+ екран со освежување од 120 Hz и максимална осветленост од 4.500 нити. Меѓутоа, S20 има рамен екран, додека Pro моделот има заоблен панел на сите четири агли. Моделите ја делат и селфи камерата од 50 MP со автоматски фокус, како и оптички сензор за отпечаток од прст интегриран во екранот.
Vivo S20 е опремен со процесор Qualcomm Snapdragon 7 Gen 3, додека S20 Pro користи MediaTek Dimensity 9300+. Дополнително, Pro моделот поддржува Wi-Fi 7 и 5,5G поврзување во Кина.
На задната страна, S20 располага со главна камера од 50 MP (OV50E) со оптичка стабилизација на слика и ултраширока камера од 8 MP, со поддршка од кружен Aura LED блиц.
S20 Pro има главна камера од 50 MP (IMX921) со оптичка стабилизација и перископска камера со 3x зум и сензор IMX882. Третата камера е ултраширока со 50 MP.
Голема разлика е и батеријата. S20 има батерија со капацитет од 6.500 mAh која поддржува брзо полнење од 80W, додека S20 Pro има батерија од 5.500 mAh со брзо полнење од 90W.
И двата смартфона работат на OriginOS 5 базиран на Android 15.
Vivo S20 е достапен во бои Phoenix Feather златна, Jade Dew бела и Pine Smoke Ink, со цени од 317 долари за конфигурацијата од 8/256 GB, до 413 долари за 16/512 GB.
Vivo S20 Pro е достапен во Phoenix Feather Gold Purple Air и Pine Smoke Ink, со цени кои започнуваат од 468 долари за моделот со 12/256 GB, а достигнуваат до 552 долари за 16/512 GB.
Преднарачките се во тек преку официјалната веб-страница, а испораките се очекуваат од 12 декември.