Се испостави дека Galaxy Z Flip 3 беше голем успех за линијата смартфони на преклоп на Samsung, кога дебитираше минатата година, но дојде со батерија која не беше баш долготрајна. Поточно, се одликуваше со мал капацитет. Со Galaxy Z Flip 4 се чини дека Samsung ќе ги реши овие проблеми со батерија со малку поголеми ќелии.
GalaxyClub известува дека Galaxy Z Flip 4 ќе биде опремен со малку поголема батерија во однос на неговиот претходник. Конкретно, со батерија од 3.400 mAh наместо пакетот од 3.300 mAh кој беше во Flip 3 моделот. Ова е мала надградба, но може да ја означува онаа мала разлика помеѓу полнењето во средината на денот и одењето на спиење.
Навлегувајќи во деталите, Flip 4 очигледно ќе има две батерии, исто како и моделите што беа пред него. Помалата од двете е со иста големина како и Flip 3, со капацитет од 903 mAh. Втората е за 100 mAh поголема, со номинален капацитет од 2.400 mAh. Ова води до очекуваниот капацитет од 3.400 mAh, пишува Galaxy Club.
Иако, како што е споменато, ова во најдобар случај е мала надградба, секако е нешто на што треба да се радуваат корисниците. Galaxy Z Flip 3 беше најпродаваниот телефон на Samsung минатата година. Со Android 13, кој би можел да дојде со овој телефон, и новата оптимизација што ја вети Google, можеби батеријата на уредот ќе исполни кроитериумите и на пребирливите корисници, на кои им е потребна сигурна батерија која може да издржи цел ден без накнадна потреба за дополнување.